Божикно интервју на Архимандрит Партениј за МИА
На сите веќе ни е јасно дека брзиот начин на живеење и прекумерната, а со тоа и бесполезна употреба на технологијата, како што се телевизијата, социјалните мрежи и воопшто интернетот, толку многу сили и време им одземаат на луѓето, толку ги преокупираат, што тие веќе не смогнуваат сили и не наоѓаат време ни за Бога, ни за себеси, а камоли, пак, едни за други.