Игумен Трифун : Атеисти
Нашиот Бог е насекаде присутен и Е Светлина во помрачената вселена. Се што е добро е од Него, зашто Он е љубов и не повикува да заедничиме со Неговата љубов. Неговата светлина не осветлува дури и кога бираме да живееме во темнина, зашто Он е насекаде и исполнува се. Нашето неверие во никој случај не го поништува Неговото присуство, ниту пак го негира фактот дека Он Е Бог.