Преподобен Симеон, Нов Богослов: "И Мене не сте Ми го направиле"
Не нѐ спасува тоа што еднаш на некого ќе му направиме милост, макар што, ако некогаш некого презреме – сме виновни и достојни за вечниот пламен. Спасителот говори во Светото евангелие: „Гладен бев... жеден бев“ (Матеј 25, 35). Овие зборови не се однесуваат за еден случај и само за еден ден, туку се однесуваат на целиот живот.