Еромонах Григориј Светогорец - ТОЛКУВАЊЕ НА СВЕТАТА ЛИТУРГИЈА (IV)
Печатот кој одозгора го ставаме на просфората ја исповеда победата Христова: Исус Христос - Победува (ИС ХС - НИ КА). Химната која ја пееме, принесувајќи ја просфората, ја прославува победата Христова. Тоа е Победничка Песна. Песна на триумфот и длабока благодарност кон Господ на Силите, кој е “непропадливост која ја победува смртта”.