Венко Андоновски: Македонскиот јазик и книжевност треба да се заштитат како и македонскиот рис: со лекс специјалис
Јазикот е раѓање на човекот. Филозофите велат: вистински се раѓаме во јазикот, не во акушерската клиника. Затоа, со години, во интервјуа, колумни, на собири по разни поводи повторувам: ДРЖАВАТА мора да ги заштити овие две катедри со специјален закон со кој ќе го гарантира нивниот опстанок!