Неодамна, излезе од печат најновиот број на списанието „Премин“, кој е посветен на преподобен Серафим Саровски.
„Отфрли го гревот и ќе нема болести, зашто болестите кај нас настануваат поради гревот, како што тврди свети Василиј Велики. Од каде таа немоќ? Од каде се телесните повреди? Господ го создал телото, а не болестите, душата, а не гревот. Што е најполезно и најпотребно? Соединувањето со Бог и општењето со Него, со посредство на љубовта. Губејќи ја таа љубов, отпаѓаме од Него, а отпаѓајќи подлегнуваме на различни и разни немоќи.
Поднесувањето на болестите со трпение и благодарење е еднакво на подвиг, па дури и повеќе од него.
Ако на Господ Бог Му е угодно човекот да искуси некаква болест, Он ќе му даде и сила да ја претрпи.“
Свети Серафим Саровски
Содржина
1. Преподобен Серафим Саровски: Серафим во тело
2. Мирот во душата се стекнува со страдање / Свети Серафим Саровски
3. Триесет и прва беседа / свети Григориј Палама
4. Беседи / Митрополит Струмички Наум
5. Духовното значење на болестите / д-р Жан-Клод Ларше
6. Крстот како патоказ / јеромонах Г.
7. „...Болните исцели ги, Лекару на душите и телата“ / о. Горан Стојчевски
8. Tell Me Everything аnd I Shall Listen to You / St. Seraphim of Sarov
9. Иконата „Достоен е Агнецот“ / архимандрит Алексиј (Розентул)
10. Антропоцентризам: болна наука / проф. д-р Венко Андоновски
11. Дигитална токсикација / јеромонах Григориј
12. Лек против стресот / проф. д-р Дмитриј А. Авдеев
13. Заситените масти – ризик за човековото здравје / м-р д-р Александар Митов
14. Староста и болестите / Покајанието – и врата и пат / Фредерика Метјуз-Грин
15. Длабокиот корен на болката / игумен Арсениј Бока
16. Како да го одбраниме семејството? / д-р Виргилиј Георге
17. Музичкиот мислител / Горан Трајкоски
18. Нови изданија: „Монос“ / Александар Дончев
19. Боли / Јанко Илковски
20. Сведоштва
21. Божикен хор / м-р Катерина Божинова
22. Молитва кон свети Серафим Саровски / Панче Ќосев
Извор: МПЦ-ОА
Ферруари 2018 лето Господово