логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

SV.Maksim.Ispovednik3 Византиската  философија  е  љубов  кон  мудроста,  сфатена  како  Премудроста Божја.  Нејзиниот  стремеж  за  цел  го  има испитувањето  на  одандестраното,  на ирационалното. Всушност, како што вели и Г. Каприев:„Во преддискурсивната основа на  таа  философија  стои  Словото  Божјо,  Премудроста  Божја,  во  Која  се  содржи  и нејзината цел“

 SV.Maksim.Ispovednik3

Теологијата на свети Максим Исповедник за настанувањетона евхаристиското битие –акт на трансцендирање на онтолошките граници*

Вовед

      Византиската  философија  е  љубов  кон  мудроста,  сфатена  како  Премудроста Божја.  Нејзиниот  стремеж  за  цел  го  има испитувањето  на  одандестраното,  на ирационалното. Всушност, како што вели и Г. Каприев:„Во преддискурсивната основа на  таа  философија  стои  Словото  Божјо,  Премудроста  Божја,  во  Која  се  содржи  и нејзината цел“1.

     Во  ваквиот  профил  се  вклопува  и  философијата  на  еден  од  столбовите  на византиската мисла -светиот Максим Исповедник (580-662). Неговата философија во голема мера е философија на движењето, односно философија за една почетна локацијаи  за прекуграничната  разменакоја  таму  се  одвива.Локацијата  е  Евхаристиската заедница, собрана на едно место „како Црква“2, како благодатно исполнето собрание на личности.Размената,  пак,е  љубовниот молитвен однос во  екстаза со  Личноста  на Создателот,  со  Оној  Кој  е  Причина  за постоечкатазаедница,  однос  кој  води  до богопознание и обожение.

     Ваквата перспектива особено се откриваво Максимовата евхаристологија. Таа е круна на неговото теолошко созерцание, бидејќи во неа се објаснува настанувањето на евхаристиското битие, односно се расветлуваат претходните теолошки претпоставки на овој философ за: дијалошкиот однос помеѓу Логосот(Христос) и логоситево созданијата, кој  води  до дијалоготнад  дијалозите  и  онојод  кој  зависат  сите  други  дијалози;  за љубовната екстазана гномичкатаволјаво човекот, која е одговор на привлечната сила на Божјата љубов3и води кон усогласување со Божјата премудра волја преку молитвата; заобожението, кое е раст на битието во мудроста и благоразумноста (силите на умот –νοῦςи на волјата –θέλημα)и усовршување на квалитетите  на душата по пример на Божјата квалитативна дијада Вистина-Добро, а по тоа и почивкаво Бога, или како што сака светиот да го нарече: „вечнодвижечко стоење“ или „неподвижно вечно движење“4; за Максимовото разбирање на историјата како реален контекст во кој преку страдање и носење на крстот (πάτος)битието се обожува, бидејќи тука, во рамките на создаденото и тленото,му  се  овозможува  предвкус  на  идното5;за  неговите  евхаристиско-еклисиолошки погледи, кои всушност се есхатолошко-екслисиолошки6, итн.

_______________________

1ГеоргиКаприев, Bizantica Minora, София, 2000, 38.21 Кор. 11,18.3НиколаЛудовикос,Евхаристијска онтологија, Београд –Карловац, 2011, 230.4Цит. дело, 242.5Maxim Vasiljević, St. Maximus the Confessor’s Contribution to the Problem of Transcending the Createdness,во„Саборност“, бр. 6 (2012), 15-36, 22.6Andrew Louth, The Ecclesiology of Saint Maximos the Confessor, во „International Journal for the Study of the Christian Church“, Vol. 4, No. 2, July 2004, 109-120, 114.
21

     .Копнежот на човекот кон Бога е негово онтолошко својство, всадено длабоко во битието на сè создадено7. Тоjсе реализира преку процеској подразбира трансцендирање на  онтолошката  зададеност  на  човекот,  издигнување  над  творбата,  усогласување  со премудрата волја Божја и учество во мирот на Божјите несоздадени енергии.Низ тој процесна  црковно  настанување се  создава  евхаристиското  битие, кое  постојано  Му благодари на Бога. Создавањетона таквото битие, според Н. Лудовикос, свети Максим го разбира како богослужењена кое началствува Архиерејот Христоси кое ги води оние кои  во  него  учествуваат  кон  есхатолошкото  место  на  Христос –во Светијата  на светиите (олтарот), на престолот Христов, односно во блаженството на обожението8.

     Литургиската заедница е составена од евхаристиски битија кои тука ја наоѓаат својата  реализација  како вечнидобробитија.А  Литургијата,  според  напишаното  воМистагогија, е космичкото движење кое ја движи вселената кон Бога, таа е видливото прославување на небесното вечно ангелско благодарење, евхаристиска антиципација на Царството небесно и патување кое ја разоткрива есхатолошката смисла на човечкото постоење9. За свети Максим човекот и космосот се цркви по пример на Црквата, па затоа Литургијата  е  јасна  манифестација  на  литургијата(служењето)во  секое  создание10.Смислата на сите литургиски дејства овој свет отец на Црквата ги објаснува токму во Мистагогија, оставајќи ни во богословско наследство еден вид комплексно есхатолошко толкување на Литургијата.

     Секое  движење  на  битието  кон  Изворот, св. Максим  го  поистоветува  со движењето  кон  евхаристиското  собрание  во  Христос,  бидејќи  за  него  само  во Евхаристијатае  опипливо  зачувана  реалноста  на  заедницата  на  Бог  и  човекот.Кога душата се движи во Црквата, односно слично на неа –во вистина и добро, тогаш таа поседува  богопознание  и  преку  благодатта  успева  да  ги  трансцендира  границите  на тварното. Богослужењето воЦрквата, со зенит во светата Евхаристија, за св. Максим претставува јејургиско упатствоза обожување на душата11, за развој на образот12, за присвојување на Божјата енергија13.Преку воведувањето на верниот во искуството на постоењето  во  заедница  со  Бога,  Евхаристијата  ја  пренесува  таквата  онтологија  во целокупното создание кое учествува hit et nunc14.

     Всушност, Евхаристијата е отелотворување на екстатичната љубов на човекот кон Богакако одговор на Божјата љубов(ἀγάπη)која привлекува, односно таа е наоѓање на крајна Цел  за  динамичнатачовечкаприрода.  Таа  е  онтолошки  предуслов  за 

____________________

7Според свети Максим, Бог е почеток и крај на секое настанување и движење на битието.

8Никола Лудовикос,Евхаристијска онтологија...,243.

9Ciprian   Streza, Saint   Maximus  the  Confessor’s „Mystagogia“as   a   Complex   Liturgical Commentary, во „International Journal of Orthodox Theology“, 4:1 (2013), 63-82, 63.

10Цит. дело,81-82.

11Никола Лудовикос,Евхаристијска онтологија...,244.

12А пеколот за светиот Исповедник е осуетување на тој развојна образот, осаменостна битието надвор од заедницата.

13Георги Каприев,Византийска философия, София, 2011,152.

14Никола Лудовикос,Евхаристијска онтологија...,245.


сечие  личносно настанување15. Без неа личноста на човекот никогаш не би заедничарела со Личноста на својотСоздател. Значи, никогаш не би се задоволил вродениот копнеж во човекот,  никогаш  неговата  љубовна  екстаза  не  би  го  подражавала  Воплотувањето Христово кое е образец за секоја љубовна екстаза. Никогаш во него не би дејствувала несоздадената Божја енергија, која дејствувала во светиите и ја усогласувала нивната волја со волјата на Бога16.

     Евхаристиската  заедница  е  неизбежна  затоа  што  подразбира  и преминод нарцисоидното  постоење  во  „личносно-ипостасната  димензија  на  евхаристиското отелотворување, кое го манифестира начинот на постоење на Христа за созданието“17, а исто така подразбира и самоодрекување, отсекување на својата волја, молитва која од индивидуална сега станува личносна, бидејќи е искажана во заедницата, аиблагодатно дејство на Светиот Дух, Кој ги претвора даровите на престолот и Кој постојано, секогаш одново, му  помага  и  го  води  верникот  кон  отелотворување  на  неговото  личносно движење  преку  евхаристиското  настанување,  аскезата,  молитвата  и  учеството  во Тајната18.

  2.

    

  Настанот на Педесетница е од огромна еклисиолошка и есхатолошка важност за Црквата. По силата на Светиот Дух, токму оттогаш логосите на битијата го остваруваат взаемното  единство,  бидејќи  во  нив  постои логос  на  единството,  втемелен  на соединетоста  остварена  во  Христовата Личност. Оттогаш  Светиот  Дух  ја  дарува заедницата со „општиот дар на заедничарење“19. Затоа битието копнее по заедницата, без  која  би  било  небитие.Противењето  на  заедницата за  битието  би  претставувало противење на самото себе, бидејќи битието е заедница. Оттука и Лудовикос заклучува: „Остварувањето на битието како заедница е есхатолошко и се воведува во историјата преку  Евхаристијата,  или  попрво,  историјата  се  издигнува  до  есхатонот  преку Евхаристијата, која е врховна вистинска манифестација на заедницата на битијата во Христа“20.Со  истиот  став  се  согласува  и  Ендрју  Лут  (Louth)кога  забележува  дека  за светиот отец Црквата е реалност во која есхатологијата влегува во историјата21.Додека во Евхаристијата се пројавува битието на битијата, границите помеѓу создаденото и вечното бледнеат, се бришат и се надминуваат/трансцендираат.Затоа, Мацукас говори за „рушење на преградните ѕидови“ помеѓу небесното и земното22, по што се отвора канал(медиум) за благодатното дејствона Утешителот (Светиот Дух) врз заедницата.15Никола Лудовикос,Евхаристијска онтологија...,245-246.16Георги Каприев,Византийска философия..., 150.17Никола Лудовикос,Евхаристијска онтологија...,24718Цит. дело,248.19Никос А. Мацукас, Свет, човек, заједница, по светоме Максиму Исповеднику, Нови Сад, 2007, 300.20Никола Лудовикос,Евхаристијска онтологија...,258.21Andrew Louth, The Ecclesiology...,115.22Никос А. Мацукас, Свет, човек, заједница...,300.

     Светиот  Максим,  пак,  како  литургиски  момент  во  кој  престанува земното мислење и настапува крајот насетилниот свет го посочува читањето на Евангелието и затворањето на царските двери по него. Од тој момент натаму „душата преминува и се преместува, согласнона своето расположение, од овој пропадлив свет во духовниот“23. Затоа подоцна, според редоследот на Литургијата,таа го целива ближниот во љубов, срцето го крева до Божјите височини, со ангелите Му пее Трисвета песна на Бога,а на крајот, примајќи Го Христа во себеси, успешно учествува во своето богоуподобување.

     Христовата  љубовкон  човечкиот  род,  според  свети  Максим,е  овоплотена  во Евхаристијата. Тука го антиципираме Царството небесно,тука се зачувува заедницата, тука Христос Неразделивиотповторно и повторно се разделуваза нас.Љубовта Божја ни се дава како тело и крв Христови, а молитвеното учество во тоа собрание е човечкиот одговор на Христовата љубов.Така Евхаристијата чини „битијата да бидат“, со тоа што е „активно  остварување...  на  битијниот  живот“,  израз  на  „собранието  на  љубовно-восиновените битија на Бога во Христа и единствен израз на Црквата“24.

     Евхаристијата е остварување и стабилизацијана личносниот начин на постоење на човекот по подобие Божјо25. Личносното постоење на човекот се продлабочува преку евхаристиската љубов и човекот по благодат станува личност слична на Божјата личнос.Или,  кажано  со  зборовите  на  Зизиулас,битието  постои  во  евхаристиската  заедницаналик  на  светотроичниот љубовно  екстатичен живот,  кој  е  парадигма  за  животот  на заедницата.

     Во светлината на погоре кажаното, јасно е и зошто сите свети тајни го наоѓаат своето  исполнување  во  Евхаристијата.  Светотаинскиот  живот  на  човекот  стои  во зависност од оваа тајна над тајните. Да се потсетиме само на старата црковна пратика на тројна иницијација при примање на катихумените во Црквата, изгубена и заборавена денес.

3.

     Евхаристијата, според кажаното досега, е темел на битието на битијата. Таа е видлива  манифестација  на  екстатичната  љубов  побудена од  гномичката  волја  во човекот, која од потенцијална, сега е делотворно остварлива26 .Таа е конкретизација на вечното добробитие и ги поставува принципите за неговото постоење. Светиот Маским звучи како светите апостоли Павле и Јован тогаш кога говори за љубовта. Таа за него е причината  поради  која  битието  учествува  молитвено  во  „Космичката  Литургија“ (Balthasar), а во нејзиното лудило, ја предава својата волја на Божјата, се предава на лудата  љубов  Божја. Таа го потпомага евхаристиското настанување, и тоа „постои, се чува и се продлабочува преку екстатичното настанување во Духот“27, па заедницата се

_________________________

23The  Church  Mystagogy,  chapter  five  in Maximus  Confessor  (selected  writings),(transl.by:G.  C.  Berthold), New Jersey, 1985,207.

24Никола Лудовикос,Евхаристијска онтологија...,259.

25Цит. дело,260.

26Никос А. Мацукас, Свет, човек, заједница...,301.

27Никола Лудовикос,Евхаристијска онтологија...,263.
5

збогатува, станува сè поличносна, повистинска и пореална.Во Евхаристијата се открива и вертикалата и хоризонталата на обожениот подвижнички ерос: битието Го љуби Богаво  вертикала,  но  и  ближниотво  хоризонтала,  и  сосема  сострадално  му  се  предава, бидејќи Го наоѓа ликот Христовво секого.За него, зборовите на апостолот „...примајте се еден со друг, како што и Христос ве прими за славата Божја“28се начин на живеење на животот.Така  постои  благодатната  заедница  на  љубовта.Богопознанието  е  љубов,  а љубовта, тој обединувачки принцип, води кон богопознание29.

     За светиот Исповедник настанувањето на евхаристиско битиене е едноставно подражавање на заедницата, туку е акт на една поинаква онтолошка зададеност. Тоа е еден новначин на постоење –нов modus  vivendiна созданијата, при што заедницата е нивната  цел  и  вистина.  Битијата  постојат  динамично  во црковната  заедницаво состојбата  која  спомнавме  дека  светиот  парадоксално  ја  нарекува  „вечнодвижечко стоење“ или „неподвижно вечно движење“30. Тоа потврдува дека уште тука битијата го антиципираат начинот на постоење во вечностана обожението. Уште тука живеат преку границата.Светата Евхаристија ги дава рамките за вршење и верификација на таквото постоење, таа е крајотна сите духовно автентични квалитети и нивоа на логосите во битијата,  кои  преоѓаат  во апсолтуно  и сеавтентично  есхатолошко  остварување  на природните љубовни односи во битието  на  битијата-заедницата.Во овој контекст можеме да се потсетиме на зборовите на свети Никола Кавасила: „...идниот живот е, всушност,  содржан  во  овој  живот  и  помешан  со  него“31.Во  вечноста,  пак,  по преобразувањето  на  сè  создадено,  при  Бога  и  овие  блажени  состојби  ќе  бидат преодолеани, и како што светиот Максим пишува кон Таласиј во 17-оти 65-отодговор, светиите ќе пребиваат во состојба на „бескрајно обожение“32.

     Во  заедницата, се  разбира,  уникатноста  на  секоја  личност  не  се  губи,  туку, напротив, доаѓа до израз. Токму таа е богатството на ова битиена битијата. Членовите на заедницата го одржуваат динамизмот и преку размена на даровите, бидејќи ним им е повеќе  од  јасно  дека  даротна  секого  не  е  личен  дар,  туку  е  производ  од  нивното заедничарење.Затоа може да се каже дека заедницата постои аналогно на постоењето на Ипостасите на Света Троица –како едно битие/една личноство кое владее агаписки однос  помеѓу  ипостасите.Сечиј  дар  преку  делата  во  кои  се  користи  придонесува  за хармонијата во заедницата, чија Причина/Начало, исто како во Светотроичниот живот, е Личноста на Отецот.Во заедницата разликите и различните ставови меѓу членовите се надминуваатпреку љубовта33. 

     Местото каде  што  битијата  го  живеат  ова  настанување  за  свети  Максим  е Црквата,  се  разбира,со епицентар  во нејзиниот  центар –Евхаристијата.  Тука восиновувањето  на  Христа  преку  Светиот  Дух  кулминира  и  со  тоа  се  исполнува домостроителната Божја промисла битијата да постојат како едно во Едниот.Верниот ја изодува  лествицата:од аскетската  борба,  преку  природната  контемплација,  до мистичната  теологија,и  така напредуваво улогатана  сведок(μάρτυς/ρος)  на вистината34.

28Рим. 15,7.

29Никос А. Мацукас, Свет, човек, заједница...,296, 299.

30Никола Лудовикос,Евхаристијска онтологија...,263.

31Цит. дело,266

.32Георги Каприев,Византийска философия...,153.

33MaximVasiljević, St. Maximus the...,34.


Таа црковна атмосфера и она што се случува во неа,светиот Максим ги објаснува на следниот начин: „...во Црквата секогаш е присутна невидливата благодат на Светиот Дух, особено за време на свештеното собрание; таа го менува и преобразува секој од присутните, и вистински го пресоздава за плиротична богоподобност сообразна на самиот него [т. е. според неговите заслуги], а со помош на светите тајни го води кон тоа што преку нив се објавува/покажува. И тоа се случува дури и ако оној кој верува сè уште припаѓа на младенците во Христа [ако е неофит, новокрстен]и не чувствува нешто такво, та со тоа не е во состојба да ја увиди длабочината на моменталното случување. И покрај тоа, благодатта, која се пројавува преку секој божествен симбол на спасението, делува  на  него,  издигнувајќи  го  постепено  и  по  ред  од  најблиските  созданија  до конечната цел на сè“35.

     Епископот или свештеникот, пак,се грижи динамиката на настанувањето да се одржува;  тој  ја  прима  благодатта  и  ја  раздава  на царското  свештенство,  притоа обожувајќи го него и себеси36; тој не престанува да го предводи коработ(наосот) на патот  кон олтарот,  бришејќи  ја  преградата иконостас,  чија  првична  намена  е  да соединува, а не да разделува.Оттаму,и Црквата се јавува како динамична заедница37, чие  постоење  е овде,  но  и таму, во  постојано посетувањенаНебесната  црква во вечноста.

    Онтолошките димензии на Евхаристијатасе димензиите на „непропадливиоти неограничен вечен живот, кој се поистоветува со вечното знаење на обожената вистина за восиновувањето во Христа, а и со рекапитулацијата на созданието во Христа, која е активнаpar  excellenceво рамките на евхаристиската заедница“38.Или како што вели Исповедникот:  „...преминуваме  од  благодатна  вера  во  благодатно  гледање“39, повикувајќи се на Павловите зборови кон Коринтјаните40.

     Настанувањето во заедницата има богослужбен карактер. Тоа го води битието на  вернитекон ипостаснотовосиновувањево  Христос  извршено  со  помош  на благодатните  енергии  на  Светиот  Дух,  кои  делуваат  во  и  врз  заедницата,  а  и  кон обожение на природата. Затоа, светиот Максим нè води кон афирмацијата на духовната аксиома  дека  во  Евхаристијата  се  случува  средбата  на  христологијата  и пневматологијата во нивниот еклисиолошки израз41. Тоа е така, бидејќи евхаристиската онтологија,всушност,е  постојано  охристовувањена  созданието  преку  благодатта  на Светиот Дух.

______________________

34Andrew Louth, The Ecclesiology...,114.

35The Church Mystagogy...,206-207

.36Никос А. Мацукас, Свет, човек, заједница...,293.

37Цит. дело,294.

38Никола Лудовикос,Евхаристијска онтологија...,263-264

39The Church Mystagogy...,207.

402 Кор. 5, 7.

41Никола Лудовикос,Евхаристијска онтологија...,264.


   И сето тоа со есхатолошка цел, бидејќи секое движење во заедницата е насочено кон  есхатонот,  кон  вечно  втеловување  во  воскреснатото  Тело  Христово.Со  тоа  се оправдува и историјата, бидејќи преку настанувањето во заедница битието уште тука добива залог за вистинско битисување во вечноста, односно уште тука расте неговото тесто поради квасецот всаден  во  него  при создавањето –квасец кој  ја  објаснува постојаната желба и потрага по Бог.

4

      .Кога  светиот  Маским  говори  за  евхаристиското  настанување,  тој навистина подразбира   трансцендирање   на   онтологијата   на   создадените   битија,себетрансцендирање  на  битието42,трансцендирање  на  егзистенцијалните  граници  на природата  на  битието43,односно  промена  на  начинот  на  постоење  на  природата  на битијата.  Исповедникот  мисли  на друга,вистинска онтологија,  на онтологија  која  се издигнува над создаденото, која е личносно постоење по примерот на Светотроичната заедница, пришто се случува реален,не метафизички, влез на есхатонот во овој свет и век.  Или,  како  што  заклучува  Лудовикос:тоа  е новаонтологија  втемелена  на тријадолошки темели (Зизиулас), која поседува христолошки и евхаристиски карактер, бидејќи е восиновување на создадените битија на Логосот при вистинско постоење како едно  битие во  заедницата,  т.  е.  тука  им  се  обезбедува Божјо  старателство преку кенотичната љубов Христова. Таа е онтологија на црковниот начин на постоењеи тоаја прави  иконолошка,  бидејќи  Цркватае  икона  на  Бога  и  кон  себе  ги  привлекува  сите достојни во секогаш инклузивна љубовна заедница, исто како што Бог тоа го прави44, а не  симболичка,  зашто при  ова  собрание  сме и сведоци  на  создадени  символи  на несоздаденото45(Телото и Крвта Христови).

     Оваа „иконолошка  есхатолошка  евхаристиска  онтологија“46претставува  веќе реален  и  актуелен  онтолошки(битиен)предвкус  на  есхатонот.  Таа  го  зачувува триаголникот битие-настанување-заедница цел  и  неповреден,  бидејќи  истиот  е неопходен за реализација на екстатичниот карактер на битијната природа до обожениеи за постигнување на космолошкото единствово Бога.

     Во тоа е и големината на свети Максим Исповедник: читајќи го,се потсетуваме дека Евхаристијата првично е Tајна на собранието и на движењето, нешто на што во последно  време  забораваме,  а  не  потсетуваа  вдахновените  теолози-пастири како Александар  Шмеман47,  кои  постојано  ја  предводат  заедницата  по  нејзиниот  пат  на настанување, и самите го живеат тој раст и развој. Светиот отец, следејќи ја долгата светоотечка традиција на евхаристиско искуство и неретко еднообразовувајќи се со неа,еднаш  засекогаш  го  сврте  фокусот  на  христијанската  философија кон  надвор,  кон есхатонот, кон  станувањето  слободна  личност  достојна  за  средба  лице  в  лице  со Божјата  Личност.Тој  го  ставиакцентот  на  фактот  дека  човечкото  битие  е  најпрво есхатолошко  битие–битие  предоодредено  за  вечностуште од  создавањето.Наше  е евхаристиски да настануваме, да растеме „по мерката на растот Христов“48, односно да „не  бидеме  немарни“  во  однос  на  нашето спасение,  според  апелот  во Мистагогија49.

____________________

42Никос А. Мацукас, Свет, човек, заједница...,312.

43Георги Каприев,Византийска философия...,151.

44Andrew Louth, The Ecclesiology...,112.

45Никола Лудовикос,Евхаристијска онтологија...,266-268.

46Цит. дело,269.

47Александар Шмеман, Евхаристија, Скопје, 2001,13-70.
8

 

       Само на тој начин ќе го вкусиме вистинскиот живот во Христа уште овде на земјата, ќе сме  сведоци  на  Таворската  светлина,и  навидум неразумно ќе  посакаме слично  наапостолПетар50да  Му  речеме  на  Христа: Господи,  добро  ни  е да  сме овде –ајде да направиме една Сеницаза сите. 

48Види: Ефес. 4,13.49The Church Mystagogy..., 213.50

Види: Матеј, 17,4.
9

Библиографија:

1.Свето Писмо на Стариот и Новиот завет (Библија), второ издание, Скопје, 1991

.2.Vasiljević,Maxim,St. Maximus the Confessor’sContribution to the Problem of Transcending the Createdness, во„Саборност“, бр. 6 (2012), 15-36.

3.Каприев,Георги,Bizantica Minora, София, 2000.

4.Каприев,Георги,Византийска философия, София, 2011

.5.Лудовикос,Никола, през., Евхаристијска онтологија (Евхаристијски темељи бића као настајања у заејдници, у есхатолошкој онтологији светог Максима Исповедника), Београд –Карловац, 2011.

6.Louth,Andrew,The Ecclesiology of Saint Maximos the Confessor, во „International Journal for the Study of the ChristianChurch“, Vol. 4, No. 2, July 2004, 109-120

.7.Maximus Confessor (selected writings),The Church Mystagogy,  (transl. by: G. C. Berthold), New Jersey, 1985.

8.Мацукас,А. Никос, Свет, човек, заједница, по светоме Максиму Исповеднику, Нови Сад, 2007.

9.Streza,Ciprian,Saint Maximus the Confessor’s „Mystagogia“as a Complex Liturgical Commentary, во „International Journal of Orthodox Theology“, 4:1 (2013), 63-82.

10.Шмеман, Александар, прот., Евхаристија, Скопје 20016



Божин Трпевски, дипломиран теолог


Pimen.beseda.Plaoshnik2

*Tекстот е оригинално произнесен на Интернационалната летна школа организирана од EGSAMP и ПБФ "Свети Климент Охридски", во Охрид, 15-22 август, 2016 г.


Апстракт:

    Круната на теолошкото созерцание на светиот Максим Исповедник и точка во која се расветлуваат сите негови теолошки претпоставки е неговата евхаристологија. Во Мистагогија светиот отец ја претставува Литургијата како космичко движење кое ја движи вселената кон Бога, видливо прославување на небесното вечно ангелско благодарење, евхаристиска антиципација на Царството небесно и патување кое ја разоткрива есхатолошката смисла на човечкото постоење. Таму човечката динамична природа се одзива на Божјата љубов и ја наоѓа својата крајна цел, при што сите битија на верните во заедницата добиваат нов начин на постоење како евхаристиски битија/е. Ова трансцендирање на егзистенцијалните граници на битијата во нова, вистинска онтологија ги издигнува над создадениот свет и им овозможува премин кон есхатонот за кој се создадени.

 

21 септември 2020 лето Господово

п.п

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная