И во овој обработивме многу нови душеполезни теми, од кои се надеваме дека читателската публика ќе пронајде поука. Се надеваме дека и овој празничен број на Православна Светлина ќе биде радосна вест за сите верници во Повардарската епархија, па и пошироко.
На 21.9.2023 година, кога Црквата го празнува великиот благден – Рождество на Пресвета Богородица, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан богослужеше и проповедаше на Светата божествена Литургија во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Калишта, Струга. На Литургијата во ѓаконски чин беше ракоположен ѓаконот Никола Финдаковски.
Денес, на празникот Рождество на Пресвета Богородица, Митрополитот на Дидимотихо, Орестијада и Суфли, г. Дамаскин, отслужи Божествена Литургија во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и свети Леонтиј“, во Водоча, во сослужение на надлежниот Митрополит Струмички г. Наум и неговиот Викарен Епископ Стобиски г. Јаков. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
"Бог, Кој почива на разумни престоли, денес на земјата свет престол си подготви; Оној што со мудрост ги утврди небесата, со Своето човекољубие духовно небо сочини, зашто од неполоден корен ни израсна сад живоносен – Својата Мајка. Господи, Кој си Бог на чудеса и надеж на безнадежните, слава Ти."
Залуднo сe трудат луѓeтo да гo најдат oна штo Бoг намeрнo гo криe oд нив. Кoга Бoг нe би дoпуштил, луѓeтo никoгаш нe би прoнашлe златo и срeбрo пoд зeмјата, ни силата на вoдeната парeа, ни блeсoкoт на eлeктричната свeтлина. Залуднo Ирoд убил мнoгубрoјни дeца вo Витлeeм самo да Гo убиe Eдиниoт.
На 11.9.2023 година, во денот посветен на Отсекувањето на главата на свети Јован Крстител, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, богослужеше и проповедаше на Светата Литургија во храмот „Свети Јован Крстител“ во Капиштец. На Светата Литургија во презвитерски чин беше ракоположен ѓаконот Игор Трпкоски,
На покана од Неговото Блаженство, Патријархот Романски г. Даниел и со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, петчлена делегација од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија зеде активно учество на овогодишната Интернационална младинска православна средба, којашто се одржа во Темишвар, Романија, од 31 август до 3