Скопје, 10 април 2012 год.- храм на св.вмч. Димитриј
На празникот на преподобен Исихиј Ерусалимски и преподобен Иларион Нови , во храмот на св.вмч Димитриј , во присуство на бројниот верен народ, се отслужи Литургија на Претходноосветени Дарови.Вернио народ се причести со Светите Христови Тајни.
И денес, храмот беше постојано преполн со луѓе кои сакаа да станат сведоци на ова Божјо чудо.
Зошто спиеш, душо моја? Зошто ги губиш деновите во бескорисни грижи? Зошто си зафатена со минливи работи? Последниот час е близу и наскоро се разделуваме од овдешните работи. Додека уште има време, вразуми се и извикај: Ти згрешив, Спасителу мој, не сечи ме како бесплодната смоква, но, Христе, заради твоето благоутробие, сожали се на мене кој Ти викам во страв. Не оставај ме пред одајата на Христовите невести!
Утрена, Велик вторник
Господ Исус Христос рече дека со устата на двајца или тројца сведоци секој збор се потврдува (Мат. 18, 16).
Во третиот ден, Неговото видливо присуство, Неговата неискажлива милост се покажа денес и на оваа икона. Се служеше светата Литургијата, се упатуваа молитви кон Бог, а на иконата на Исус Христос во олтарот, црвената боја која вчера се појави, денес се интензивираше по сета икона.
По молитвите на Твојата Пречиста Мајка и на Светиот Велик маченик Димитриј Господи Исусе Христе помилј не.
Prerminportal
Лето Господово 2012
Друго:
Литургија на Претходноосветени Дарови во храмот на св.вмч. Димитриј, Скопје (09.04.2012)