Скопје, 9. април 2012 год.- храм на св.вмч. Димитриј
На празникот на светата маченичка Матрона Солунска , преподобен Пафнутиј, и света Лидија Македонска , во храмот на св.вмч Димитриј , во присуство на бројниот верен народ, ( кој патем, дојде да го види чудото на самопрочистувањето на фреските ), се отслужи Божествена Литургија. Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.
Кога човекот се плаши да Го нажали Бога, со каков и да било грев, тоа е првата љубов. Оној чијшто ум е чист од помисли, тоа е втората љубов, поголема од првата. Третата, уште поголема е кога некој ја чувствува благодатта во душата. А оној кој ја има благодатта на Светиот Дух и во душата и во телото, тоа е совршената љубов. И од телото на оној што ќе ја сочува таа благодат, ќе останат мошти, како кај светите маченици, или кај пророците, или кај преподобните и другите големи светии. (Свети Силуан Атонски).
Во утринските часови, чудото во црквата на св.вмл .Димитија продолжи и денес, за време на Божествената Литургија. Додека се служеше светата Литургијата, на иконата на Исус Христос на олтарот, се појави црвена боја. Иконата изгледала да е водена, а всушност кога ќе се допре не оставала никаква трага:„Конкретно од вчера до денес има голема разлика. За време на Литургијата се случи иконата на Исус Христос што е во олтарот, шириите поцрвенеа. Ова е порака од Бога, Бог не опоменува. Да не ја забораваме верата, да се свртиме малку повеќе кон неа“, вели отец Зоран.
Друго:
Две фотографии од фреските во св.вмч.Димитриј, во Скопје
Прва- направена на 30 септември 2011 год.
Втора- направена на 9 април 2012 год.
Преминпортал
Лето Господово 2012