Скопје, 1 април 2012 год.- Соборен храм Св. Климен Охрисдки
Во петтата недела од Великиот пост која е посветена на спомен на преподобна Марија Египетска , ...„светителка од која можеме да се научиме на многу нешта кои нам ни се нужни. Таа најнапред била грешница чија гревовност ја знаеле сите, жена која претставувала предмет на искушение и соблазна за сите“, ...во Соборен храм на св. Климент Охридски, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија, На Литургијата многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.
Има многу видови на смирение. Некој е послушен и во сè се укорува себеси, и тоа е смирение. Друг се кае за своите гревови, и се смета себеси за нечист пред Бога, и тоа е смирение. Но, поинакво смирение има оној кој Го познал Господа преку Светиот Дух. Тој има друго познание и друг вкус. Кога душата преку Светиот Дух ќе Го види Господа, колку е Он кроток и смирен, тогаш самата се смирува до крај. Тоа е сосема особено смирение, и никој не може да го опише. Тоа се познава само преку Светиот Дух, и да познаеја луѓето преку Светиот Дух каков е нашиот Господ, сите ќе се изменеа. Богатите ќе го презреа своето богатство, учените – своите науки, управниците – својата слава и власт. И сите ќе се смиреа и ќе живееја во голем мир и љубов. И на земјата ќе беше голема радост. Кога душата ќе се предаде на волјата Божја, тогаш во умот повеќе нема ништо освен Бог, и душата со чистиот ум пребива преде Него. (Свети Силуан Атонски )
Преминпортал
Лето Господово 2012