Св. Теофан Затворник (Недела 4. недела) - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА (87)

Сабота

bogorodica.k.dol.jpg

  
Телото  и крвта  неможат да го наследат царството Божјо (1.Kor.15, 50). Од тоа произлегува дека заради  стекнување на царството Божјо, треба да се обестелести  и обескрви, односно.да се утврди начинот на животот во кој  како да не постојат тело и крв. Тоа  се постигнува  со совршено одрекување  од телесните  и крвни  дела. А познати се делата на  телото, кои се: прељуба, блуд, нечистота, бесрамност, идолопоклонство, магии, непријателства, кавги, омраза, гнев, инаетење, раздори, ереси, завист, убиства, пијанства, распуштеност, и слично на ова. Набројувајќи го  сето ова, апостолот додава: Однапред  ви велам,  како што ви реков и порано, дека оние што го прават тоа,  нема да го наследат царството Божјо (Галl.5,19-21). Кој има уши да чуе, нека чуе.

 

 bogorodica.k.dol.jpg

  

 

Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА

Извор: СВЕТОСАВЉЕ