zrze2.jpg 

Души, кои сте далеку од Бога залутани и од Божествените Дарови лишени, дојдете и искрено, од длабочините на срцето, да се вратиме како блудниот син и запееме: Отче благи, кој Си на Небесата, ти згрешивме многу, смилувај се и спаси нè, зашто прибегнуваме кон милоста Твоја.
Утрена, втора недела од Постот

sv.GRIGORIJ.PALAMA.jpg Поуки од светите отци: Не барај ништо друго освен да се боиш од Него, да Го љубиш и да одиш по сите патишта Негови. Тоа е твојата пофалба и тоа е твојот Бог.
Свети Григориј Палама

Молитва:
Подај ни, Боже, барајќи ја Твојата прошка, да станеме нова твар во Исуса Христа, со нова цел и послушност кон Тебе и обновена решителност да живееме свој живот по Твојата волја, со благодатта Твоја. Амин.

Читање од Светото Писмо:
Исаија 5, 16-25
Битие 4, 16-26
Соломонови Изреки 5, 15-23; 6, 1-3

  Созерцание: Оти патиштата на човекот се пред очите на Господа, и Он ги гледа сите патеки негови.
Соломонови Изреки 5, 21

 

Подготви: А.Л.


 

Икона на денот

 

markov.sv.Zlata1.jpg   markov.sv.Zlata1.jpg

Светите маченици Евтропиј, Клеоник и Василиск