Скопје, 4 март 2012 год.- храм на св. Петар и Павле
На 04. 03. 2012 година, во Првата Недела од Великиот Пост(посветена на Православието), кога Светата Црква ја прославува одбраната на светите икони од еретиците, и празникот на свети Лав, епископ Катански и светиот свештеномаченик Садок, во храмот на св. Петар и Павле, во населбата Ѓорче Петров во Скопје, се отслужи Божествена Литургија на која чиноначалствуваше Митрополитот Европски г. Пимен во сослужение на свештенството од храмот и ѓаконот Антоние Попоски.
Ден на радост и веселба ни е денес! Зашто догмата на вистинската Вера сјае во целосна слава и Црквата Христова блеска од убавина, украсена со светите икони, кои сега се вратени, а Бог ни подари едномислие меѓу верните.
Утрена, Недела на Православието
Стихови:
Иконите беа непристојно исфрлани;
Се радувам гледајќи го (враќањето на) нивното пристојно почитување.
„Во овој ден, Прва недела од светиот пост - Недела на Православието, или издигнувањето на светите и чесни икони, Црквата Христова го прими празнувањето на она што се случи за време владеењето на Михаил и блажената царица света Теодора, и светиот патријарх константинополски Методиј. А тоа стана вака: кога по Божјо допуштање царската власт ја приграби Лав (III) Исавријанец, кој пред тоа беше чувар (пастир) на магариња и свињи, а црковната управа ја зеде светиот патријарх Герман, веднаш овој (патријархот) беше повикан од оној (царот) кој му рече: „Слушај, владико! Мене ми се чини дека светите икони во ништо не се разликуваат од идолите, затоа нареди што поскоро да ги изнесат одовде. Ако тие се вистински ликови на светители, нека ги кренат повисоко, за да не би, валајќи се во гревови, да ги осквернуваме секогаш кога ги целиваме". Патријархот, пак, го одвраќаше царот од таквата зла помисла, велејќи му: „Зар ти, цару, не си слушнал како побесне некој си по име Конон, кој бил против иконите"? А царот му вели дека тогаш тој бил се уште млад. Но бидејќи патријархот не сакаше да се покори и да го послуша, царот го прогони, а на негово место го постави својот едномисленик Анастасиј. И така тогаш почна гонење против иконите. Се зборува дека тој порано негувал таква омраза против Евреите, кога тој се уште бил сиромав, кога ги пасел магарињата и кога му било претскажано од некој маѓепсник дека ќе биде издигнат на царско достоинство....“ (Синксар)
Преминпортал
Лето Господово 2012
Друго:
http://preminportal.com.mk/content/view/7962/53/