Скопје, 02.03.2012 год. - манастирска црква на св.вмч.Ѓеорѓиј, Криви дол
Во петок од првата седмица на Светиот Пост, кога Светата Црква го слави споменот на свети Лав I, папа Римски и свети Флавијан во манастирскиот храм посветен на св. вмч. Ѓеоргиј во Криви Дол во Скопје, отец Горан Тасески во сослужение на ѓаконот Игор Настоски отслужи Литургија на Претходноосветени Дарови. Верниот народ се причести со Светите Тајни Христови. По Литургијата се отслужи канон и акатист кон Пресвета Богородица.
Акатистна молебна служба
»Пофалба на Богородица«
Акатистот е прекрасна песна на пофалба и благочестива посветеност на Мајката на нашиот Господ испеана во 626 Лето Господово во Богородичната црква во Цариград, во чест и благодарност заради избавувањето и ослободувањето на Цариград од варварите.
Се пее во православни цркви во петок за време на првите пет недели на Великиот пост. Акатистот се состои од дваесет и четири строфи( 12 кондаци и 12 икоси) . Икос значи внимание или послушание
Акатистот( Молебната служба) е поделена во четири дела; по еден дел се пее секој петок од Постот (Пофалба), а во петокот од петтата седмица, Акатистот се пее во целина. Се нарекува Акатист, или неседален, зашто верниот народ од љубов, предаденост и благодарност на Пресветата Богородица, за чудата кои ги направила, стоел за време на пеењето на целата Химна.
Преминпортал
Лето Господово 2012
http://www.youtube.com/watch?v=tnO2GU-B0Q8&feature=player_embedded
АКАТИСТ КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА
http://www.youtube.com/watch?v=tnO2GU-B0Q8&feature=player_embedded