Бугарската православна црква планира канонизација на свештеници, монаси и мирјани, кои настрадале за верата во комунистичкиот период.
Представници на Синодот на Бугарската православна црква изјавиле дека голем дел од 240-те свештеници, монаси и мирјани, кои ги загубиле своите животи во концентрационите логори и кои биле стрелани во име на верата за време атеистичкиот периода, ќе бидат канонизирани.
Монахињата Валентина (Друмева) од бугарскиот Калоферски женски манастир, во текот на неколку години собрала податоци за повеќе од 200 Бугари, кои настрадале за верата. Од нив 120 погинале во логори и затвори, а останатите биле стрелани. Монахињата Валентина веќе има издено двотомник со опис на животот на некои од новомачениците.
(Повеќе)