Скопје, 29 февруари 2012 год.- храм на св. Петка
„Помогни ни да се покаеме за патиштата кои не се Твои и Тебе не Ти се угодни. Уште помогни ни да ни бидат простени помислите кои не се во склад со Твојата промисла. Ова го бараме во најголемо смирение, Господи, зашто само со Твоја помош може да се очисти нашето срце, ум и душа. Само Ти можеш да ни подариш прошка и многупосакуван мир. Амин.“
Поуки од Светите отци: Со помош на овој свет пост, човекот се вознесува на небото и се стреми кон рајот, само ако пости во совршена чистота. Со овој свет постчовекот Го прославува Бога, а секому кој ревносно го чува постот, Он му ги отвора вратите на милосрдието.
Свети Ефрем Сирин
Денес, 29 февруари 2012 година, во првата среда од Великиот пост, кога Светата Црква го слави споменот на светите Дванаесет маченици кои пострадаа во времето на Диоклецијан,свети Мару и преподобниот маченик Роман, во храмот на св. Петка во населбата Црниче во Скопје, се ослужи Литургија на Претходноосветени дарови. Многубројниот верниот народ, по Тримерот (кој траеше 2 дена) се причести со Светите Христови Тајни.
Преминпортал
Лето Господово 2012
Друго:
Литургија на претходно осветените дарови