На 26. 02. 2012 година, кога Светата Црква го востановила празникот на преподoбен Мартинијан и св. Евлогиј Александриски, пред почетокот на престојниот Велики пост кој започнува од наредниот ден, во храмот на Архангел Михаил , (во населбата Автокоманда), во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. Во беседа за простувањето- „...и прости ни ги долговите наши како и ние што им ги проштеваме на нашите должници.“, се укажа на големината и значењето на простувањето, и по примерот на Господ Исус Христос, на злото кое ни се нанесува , да враќаме со добро да така на најдобар начин ја исполнуваме заповедтта на љубовта и го отвориме патот за внесување на Царството небесно во нашите срца. На Литургијата молитвено присуствуваше и на верниот народ подели благослов Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.
Preminportal (к.т)
Лето Господово 2012