Скопје, 29 јануари 2012 год- храм на св. Јован Крстител
Свето Евангелие од светиот апостол Марко (зач. 57)
Рече Господ на Своите ученици: „Чувајте се од книжниците, кои сакаат да одат променети и да ги поздравуваат по улиците, и предни седишта во синагогите, како и први места на гозбите. Тие, што ги подјадуваат домовите на вдовиците и лицемерно долго се молат, ќе бидат потешко осудени.“ Па седна Исус спроти ковчежето и гледаше како народот пушта пари во него. Мнозина богати пуштаа многу. И кога дојде една бедна вдовица, пушти две лепти, што прават еден кодрант. А Исус, кога ги повика учениците Свои, им рече: „Вистина, ви велам дека оваа сиромашна вдовица даде повеќе од сите, што пуштија во ковчежето; зашто сите пуштија од својот вишок, а таа од својата сиромаштија даде сè што имаше, целата своја прехрана.“
На 29 јануари 2012 година, во Недела по Богојавление кога Светата Црква ги празнува Чесни вериги на Св. апостол Петар, преподобниот маченик Дамаскин Габровски, во храмот на св.Јован Крстител во населбата Капиштец во Скопје, отец Михаил Таневски отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верените се причестија со Светите Христови Тајни.
Preminportal
Лето Господово 2012