Скопје, 22 јануари 2012 год.- харам Свето Благовештение
На 22 јануари 2012 година, во 32 недела по Педесетница (по Богојавление) на празникот на светиот маченик Поливект, преподобен Евстратиј и свети Филип, митрополит Московски, вo нивна чeст и слава , во храмот на Светото Благовештение, во кругот на Клиничкиот центар во Скопје, протоереј Душко Наумоски отслужи Божествена Литургија.Во толкувањето на денешнотот Евангелие по Лука (19; 1-10), отецот беседеше за духовните височини ( слично како во параболата за Закхеј), кон кои сите ние треба да се придвижуваме, односно искачуваме. Првата патека, или поинаку кажано, „дрвото на кое треба да се искачиме“, е молитвата која Му ја принесуваме на Бог.
На певницата псалтот Горан принесуваше молитви кон Бога.
Старец Паисиј Светогорец
Поголема благодарност им должиме на оние што беа неблагодарни, отколку на оние што ни беа постојано благодарни, оддолжувајќи ни се во овој суетен живот. Исто така, најдобра молитва е кога некој неправедно нè проколнува, а ние го примаме тоа молчеливо и со добрина. Природно е дека оние што се близу до Бога никогаш не можат да бидат проколнати, бидејќи во нив нема зло, туку само добрина. Какво зло и да им биде фрлено на тие осветени луѓе, тоа се осветува, и тие чувствуваат голема скриена радост. Оние пак, што се оддалечени од Бог, секогаш се неутешени и двојно се измачуваат, бидејќи оној што не верува во Бог и во вечниот живот, освен тоа што останува во овој живот неутешен, душата си ја осудува во вечноста.
Преминпортал
Лето Господово 2012
Друго:
http://www.youtube.com/watch?v=c9Q0bBls6_0