Во Марковиот манастир „Св. вмч. Димитриј Солунски“, (Маркова Сушица, Скопско), на 19 јануари 2012 г., на празникот Богојавление се одслужи Божествена Литургија. Празнувањето го предводеше отец Дејан Трајков. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Игуменијата на Манастирот Илијана со сестринството пригодно ги наградија најхрабрите љубители на Чесниот Крст, а не изостанаа ни традиционалните чај и колачи.
Христос се понизи за да го крене одпаднатиот Адам. Сите созданија заедно се воздигнуваат и тажат (Св.Ап.Павле: Римјаните). Во Богојавленската вода се преобразува целата природа и нејзината круна – човекот, во ново Небо и нова земја каде правдата обитава (Св.Ап.Петар: Второ послание). Од создавањето на Црквата водата е симбол на преображението и крштевањето како ново раѓање. Затоа крштевањето е поважно и од телесното раѓање. Но, иако крстени, не можеме да излеземе од човечката природа и продолжуваме да грешиме. Одтука важноста на покајанието – како повторно измивање на нашите гревови. Затоа, да се преиспитуваме постојано и постојано.
БОГ СЕ ЈАВИ – НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ.
За Преминпортал:
Ратислав Кардалев
Видео од празнувањето на Богојавление во Марков манастир во 2011 г.
http://www.youtube.com/watch?v=IvRMTSvpWrg&feature=related