Скопје, 12 јануари 2012 год.- храм на св. Петка, н. Црниче
На 12 јануари 2012 година, во Недела на Светите Богоотци, кога Светата Православна Црква ги празнува Преподобна Меланија Римјанка, Светиот Праведен Јосиф, Царот Давид и Јаков, братот Господов, Блажениот Теофилакт, архиепископ Охридски во храмот на св.Петка, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Светите Отци во старо време најпрвин бегаа во пустината и во подвиг ги опустошуваа своите страсти. Без свои планови и програми преку послушанието се предаваа во рацете Божји. И покрај тоа што достигнуваа успех во мерата на светоста, ги одбегнуваа чиновите и власта, освен ако Мајката Црква имаше потреба од нив. Тогаш, тие ѝ се покоруваа на волјата Божја преку нивниот свет живот да се прослави Името Божјо. Значи, откако ќе постигнеа една добра состојба на духовно здравје, преку добра духовна храна во пустината и преку будното следење на Отците, тие стануваа духовни крводарители. Во наше време за жал, многумина од нас под влијание на световната љубов која нема духовно покритие, сакаат наводно да сторат добро, да даруваат крв, а таа е полна со духовни микроби, со што причинуваат поголема штета.( Старец Паисиј Светогорец)
Преминпортал
Лето Господово 2012