Грижејќи се и најмладите да земат учество во радоста на Христовото рождество, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, на 09.01.2012 година, третиот ден од празникот Божик, во просториите на новата административна зграда во Охрид, ги прими дечињата на вработените во нашата епархија. Митрополитот Тимотеј ги благослови најмладите и им подели Божикни пакетчиња, а дечињата ја целиваа Неговата света десница. Подоцна беше приредена и Божикна трпеза на љубовта за свештенството од нашата епархија.
Извор: Дебарско-кичевска епархија