Денес Дева го раѓа Творецот на вселената, пештерата рај станува, а на оние во темнината, ѕвездата им го покажува Сонцето- Хиста; мудреците со даровите, просветлени со верата, Му се поклонија; ангелите со пастирите пееа:
Слава на Бога во висините и на замјата меѓу луѓето добра волја!
И ние со нив така да запееме и Бога да го славиме за преголемата милост Негова, оти еве тело прими човечко за човечкиот род од гревот да го очисти, со Својата љубодв да го измие и со благоддатта Своја да го просветли и кон висините да го воздигне !
Благодатта, мирот и љубовта да ви се умножат и Господ да ве чува во добро здравје и во ова лето Господово 2012-то
Од свештенослужителот при храмот св.вмч. Георги Победоносец во Криви Дол –Скопје
о. Горан Тасески ,
со почит до сите вас.
Лето Господово 2012