Во Марковиот манастир „Св. вмч. Димитриј Солунски“, (Маркова Сушица), ноќта, петок кон сабота (30-31 декември 2011 г.), на празникот на светиот маченик Севастијан и другите со него, свети Модест, патријарх Ерусалимски, со почеток во 22:00 ч. ќе се отслужи сеноќно бдение со Божествена Литургија. Се покануваат сите православни христијански души на љубовно заедничарење со Бога.
о.Дејан Трајков
Верата нè придвижува кон целта,
Надежта не одржува да истраеме во патот кон целта,
во Љубов се соединуваме со целта.
Се сеќавам како со вера и надеж го проследив растењето на син ми низ гимназијата и факултетот.
Се сеќавам кога стигна на целта и љубовта со која по дипломскиот испит рече – „благодарам тато“.
И јас ден-денес ги кревам рацете кон Небото и воскликнувам – „благодарам Тато“.
Преубаво е ова време на исчекување во надеж.
Нека вака ни биде пред секој Божик.
Но да не чекаме во место.
Ни тројцата мудреци не чекаа во место туку со вера тргнаа, патуваа со надеж и ја следеа ѕвездата.
Тие беа среќни што можеа во љубов да бидат со Богомладенецот и да го даруваат со земни подароци.
Но ние имаме шанса да бидеме блажени ако поверуваме и Му ги донесеме наши духовни дарови.
На минатото бдение во манастирот некој со вера рече – „чекајте, Ќе Дојде“.
Дојдете сите изморени и обременети да бидете успокоени.
Чекај со надеж и долевај масло во твојата светилка.
На следново бдение донеси ја и твојата светилка.
Како овчарчињата од Витлеем, взаемно ќе се храбриме во чекањето.
О, какво олеснување кога ќе се пречекори манастирскиот праг.
О, какво исполнување во црквата стоплена од пеење и молитви.
Да чекаме како што чекањето го опеа рускиот поет Константин Симонов
http://www.youtube.com/watch?v=dSCGGPv_l4g&feature=related
Подготви: Ратислав Кардалев
Друго:
Друго:
http://preminportal.com.mk/content/view/8956/1/