Скопје, 16 декември 2011 год.- храм на св. Петка, н. Црниче
Во дваесет и шестата недела по Педесeтница, кога во Светата Црква го празнува споменот на светиот пророк Софониј, свети Јован Молчалник и преподобен Теодул, во храмот посветен на св.Петка во населбата Црниче, во Скопје, старешината отец Томе Велјановски отслужи Божествена Литургија . На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Старец Софрониј
Кога го собираме нашиот ум, секој од нас, нека го помоли Бога да ни даде дух на послушание на Неговата волја и сите да нè благословува. Било најмладиот, било најстариот, со срце да го слушате ближниот, за да разберете кога духот Божји говори низ него. Еден дваесетгодишен ѓакон – Свети Атанасиј Велики – а не патријарсите, ниту епископите или другите маченици, беше оној што го воведе поимот едносуштен, на Првиот Вселенски Собор 325 година, за да го определи односот помеѓу Отецот и Синот во Света Троица. Но, за да го достигнеме ова, треба да вложиме труд, а ќе го постигнеме само со послушание! Не поставувајќи се над својот ближен, туку служејќи му, стануваме подобни на Господа. Христос ни го покажа патот во ноќта на Тајната Вечера. Беше Господ, а им ги миеше нозете на Своите ученици!
Преминпортал
Лето Господово 2011