На ден 08.12.2011 година, кога Света Црква го празнува празникот на св.Климент Охридски Чудотворец, по иницијатива на поголем број верници од источниот регион , во храмот Св.Петка во Истибања се отслужи молебен за дожд.
Пред повеќе од 20 години имало долге период со суша и верниците се помолиле и нивните молитви биле услишени, со надеж дека Бог пак ќе се смилува, се отслужи молебен а светиот чин го изврши отец Душко Пецов при тоа и рече: „Спасовден е во мај или во јуни, а селаните сега од нас побараа молебенот да го направиме на денот кога го празнуваме големото дело на свети Климент и ние го правивме тоа. Сигурни сме дека Господ ќе ги исполни нашите молби и дека ќе ни даде дождовен период. Очекуваме вода која ќе ги наполни браздите, дека ќе има вода за луѓето и за стоката, дека сите други наши села нема да бидат гладни и жедни. Сега кога му се помоливме на Бога со чисто срце, сигурни сме дека дожд ќе падне.”
Известува: о.Душко Пецов