логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Stole.sv.Jovan.Shangajsk.jpg

Свети Јован Шангајски, Сан Франциски и Битолски,
брз помошник во бедите!
Репортажа од Сан Франциско и сведоштво за новите чуда на светиот Јован  

Stole.sv.Jovan.Shangajsk1.jpg
"Иако умрев, сепак сум жив" (Свети Јован Шангајски)

Голем е Бог во своите светии!
Свети Јован Шангајски и Сан Франциски…Светител кој пред неповеќе од 40 години чекореше на земјата, во овој град, низ овие улици, низ улиците на Сан Франциско... Наоѓаше бебиња фрлени во ѓубре и ги земаше, спасувајќи им ги животите. Постојано беше во болниците, причестувајќи ги и давајќи им утеха на болните. Светител кој што никогаш не спиеше на кревет. Наутро служеше литурија, потоа посетуваше болни, разговараше со луѓе, а навечер кога сите спиеа, тој одговараше на писма, се молеше и само доколку имаше време одмараше, спиејќи неколку часа на фотелја.
Неговите добри дела не можат да се избројат. Денес во Катедралниот храм на Задапната епархија на Америка се наоѓаат неговите нетлени мошти од кои постојано се случуваат чуда.

 

 

 Stole.sv.Jovan.Shangajsk.jpg

 Stole.sv.Jovan.Shangajsk3.jpg   Stole.sv.Jovan.Shangajsk4.jpg

   Stole.sv.Jovan.Shangajsk5.jpg  Stole.sv.Jovan.Shangajsk6.jpg

 Уште додека летав кон Сан Франциско постојано размислував во себе како само ќе се појавам во тој храм, како ќе застанам пред нетлените мошти на Свети Јован!

Дојде мигот кога и тоа се случи. Се најдов пред соборниот храм посветен на Мајката Божја „На сите нажалени радост“ кој самиот свети Јован го изгради. Влегувам внатре и од десната страна го гледам велелепниот кивот на светителот. И што понатаму… чекорам кон него. Колку повеќе се приближувам, срцето ми трепери. Сепак дојде и тој момент да застанам пред свети Јован, пред светиот Владика на нашите времиња. Понатаму не можам да говорам затоа што чувствата не се опишуваат, туку се чувствуваат!
Прекрасно и блажено е да се биде покрај свети Јован, покрај неговите нетлени мошти! На неговите раце се уште се гледаат вените како и неговите нокти.Храмот е прекрасен и огромен со три олтари. Она што јас го видов и почувствував е дека свети Јован е многу силен светител. И на останатите светители кога им се молиме, тие, секако, ни помагаат, но свети Јован веднаш одговара на нашите молитви! Тој знае што ни треба. И тој беше помеѓу нас, страдајќи со луѓето. И денес е со нас и ги знае нашите тешкотии. Додека беше жив, во свое време, за него немаше одмор. Активно работеше на духовниот раст на своето стадо, говорејќи им да се причестуваат и да живеат достоен христијански живот. Денес, овде во Сан Франциско и пошироко, живеат луѓе кои многу убаво се сеќаваат за свети Јован и со радост и солзи говорат за него, за неговата љубов кон луѓето и како тој на сите им помагаше и се молеше.

 Stole.sv.Jovan.Shangajsk7.jpg Stole.sv.Jovan.Shangajsk5.jpg


Би сакал со сите Вас да споделам неколку чуда од Свети Јован, кои мене лично ми се случија додека бев во Сан Франциско, како и пред моето заминување. Пред неколку месеци, едно јулско утро, имав послушание на манастирските гробишта. Додека работев, дојде една жена чиј сопруг, свештеник, беше починал и се служеше панихида за него. Кога заврши панихидата, жената ми пристапи и започна разговор со мене. Ме праша од каде сум и дали сум студент во Џорданвилскиот манастир. Ми кажа дека таа е од Калифорнија и тоа спонтано не доведе до разговорот за свети Јован Шангајски и Сан Франциски. Жената ми кажа дека неколку пати се беше поклонила на неговите нетлени мошти, а јас и реков дека и самиот имам голема желба да го сторам тоа и дека планирав да одам во Сан Франциско во ноември, за време на нашиот неколкудневен распуст. И така ни заврши разговорот. Се разделивме, односно таа замина, а јас останав да си го извршувам своето послушание.

Stole.sv.Jovan.Shangajsk10.jpg  Stole.sv.Jovan.Shangajsk12.jpg
По половина час истата жена се враќа назад кон мене и ме прашува кога точно планирам да одам на поклонение на нетлените мошти на светителот. И одговорив дека сакав да отидам за време на американскиот празник "Thanksgiving", а таа ми рече дека планира да ми ја даде својата слободна неискористена повратна авионска карта за да отидам кај Светиот Јован! Не знаев како да реагирам. Просто, се наежив. Како наеднаш жена која не ја познавам ми доаѓа и ми вели дека ќе добијам авионска карта за онаму каде што толку посакував да отидам - да се поклонам на моштите на светиот Јован! Навистина, свети Јован си направи чудо и ме удостои да бидам негов гостин, просто кажано, на негова сметка.
Второто чудо се случи сега, на 19 Ноември 2011. Веднаш на вториот ден, додека читав Акатист пред нетлените мошти на свети Јован, пред мене се појавува семејство кое зборува на јазик што многу добо го препознавам. Наши, Македонци! Семејството беше од Лос Анѓелес, а беа дошле дошле да се поклонат и да просат милост од свети Јован. Нашата средба се случи баш пред кивотот на Санфранцискиот и Битолски чудотворец Јован!
Набргу потоа следуваше третото чудо, кога јас и моите македонски пријатели заедно отидовме во куќата каде што живеел свети Јован за да ја видиме неговата ќелија. Се нажаливме што беше заклучено, но само што тргнавме да заминуваме со колата, видовме како една жена се упатува кон вратата и ја отклучува. И ете, со помошта на светиот Јован, сепак успеавме да влеземе во неговиот дом! Инаку, жената што ни отвори своевремено била едно од дечињата во сиропиталиштето кое што го основал светиот Јован во Шангај. По неколку минути истата ми пристапува со книга во рацете и ми вели: "Знам и гледам дека многу го сакаш свети Јован, затоа он сака овој Нов Завет да биде твој. Порано му припаѓаше на еден мој другар кој што неодамна почина. Му беше подарок од свети Јован, еве, овде можеш да го видиш и неговиот потпис. Помоли се некогаш за мене!" Јас навистина веќе не знаев како да реагирам и што да правам. Просто, премногу се збунив и почнав да плачам. Свети Јован навистина многу помага и ги радува оние што го сакаат! Кога му се молиме и просиме помош од него, за многу брзо време сето тоа се остварува.
Во четвртокот, на 24 Ноември 2011, направивме Молебен пред нетлените мошти на свети Јован. Се помоливме за целиот наш Македонски народ и нашиот црковен клир, а пооделно ги спомнавме и сите имиња кои ми беа дадени пред моето заминување за Сан Франциско. По молитвите на светиот Јован, Бог да не помилува!

Чудата и радоста ги споделив со сите не за мое издигнување, но за слава на Бога и свети Јован, за да се увериме колку е силен овој Божји угодник, кој во свое време чекореше и во нашата земја, во Битола!

"Те величаме, светителу оче Јоване, и го почитуваме светиот твој спомен, зашто се молиш за нас на Христа, нашиот Бог".

Радувај се, светителу оче Јоване, брз помошнику во бедите!

 Stole.sv.Jovan.Shangajsk1122.jpg

 

За Преминпортал

Стојанче Серафим Андов

Stole.sv.Jovan.Shangajsk1122.jpg

Лето Господово 2011

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

И зeмјата сe затрeсe и карпи паднаа (Мт. 27:51). O какoв страшeн укoр на луѓeтo! И мртвата прирoда Гo пoзнала Oнoј Кoгo луѓeтo нe мoжeлe да Гo пoзнаат. Сeта нeма...

 Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Некаде, некој има убаво кажано дека колку повеќе се доближуваме до Голгота, следејќи Го верно Христос, толку помалку луѓе (духовни чеда, пријатели) гледаме околу нас. Но, ништо чудно. Знаеме и...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

„Благодарење. Тајна што не требаше да остане толку тајна. Непроценлив дар, незаслужен. Дело Христово во кое постојано се учествува иако само еднаш се случи. Соборно сведоштво во личен подвиг подготвено....

БEСEДА  за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

БEСEДА за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

И дeнeс мeѓусeбнитe прoтивници сe пoмируваат кoга трeба да сe нападнe и да сe oсуди Гoспoд. Има мнoгу кoи сe кoлат пoмeѓу сeбe дoдeка нe им гo спoмнeтe имeтo Гoспoдoвo....

БEСEДА  за наслeдникoт и за рoбoт

БEСEДА за наслeдникoт и за рoбoт

Зoштo дoјдe Христoс на Зeмјата, браќа? Да нè направи пoдoбри oд рoбoвитe, да ни дадe правo какo синoви и дoлжнoст какo гoспoдари. Правo на синoвитe e сo имeтo Христoвo да...

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

Злoстoрник станува oнoј чoвeк кoј ќe пoвeрува дeка дeлата чoвeчки мoжат да сe скријат. Така мислeлe и eврeјскитe старeшини кoи вo тајнoст гo пoдгoтвуваа свoeтo злoстoрствo над Христа Гoспoда, тајнo...

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Влегуваме во периодот на Големиот пост. Почнуваме со ’тримерот‘. Во Црквата Божја ова не е само период со некој посебен ред и правила, ова е, пред сè, период на посебна...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

19/04/2025 - сабота


Велигденски пости;
(строг пост)

Велика Сабота; +Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит;

 

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 16 април/3 април   2025

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 16 април/3 април 2025

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

 Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 15 април / 2 април 2025

Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 15 април / 2 април 2025

Небесата сведочат за твоите подвизи,преподобен оче наш Тите,земјата те восфалува со сведоштво на твоите ученици,кои по делата на верата твоја...

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 14 април/1 април 2025

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 14 април/1 април 2025

Пустината се напоисо твоите топли солзипесокта ја претвориво молитви кон Бога непрестајниветрот ја пренесе милоста Божја по твоите молитвидо оние...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Манастирски посни рецепти

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная