Скопје, 24 ноември 2011 год.- храм на св. Петка, н. Црниче
Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 68)
Господ рече: „Кој е тој верен и мудар слуга, кого го поставил неговиот господар над своите слуги, за да им дава потребна храна навреме? Блазе на тој слуга, чиј господар, кога ќе дојде, го затече така да постапува! Вистина ви велам, дека тој ќе го постави него над целиот свој имот. Ако, пак, тој слуга рече во срцето свое: ,Нема скоро да дојде мојот господар!’, па почне да ги бие слугите и слугинките, да јаде и пие и да се опива, господарот на тој слуга ќе дојде во ден, во кој не очекува, и во час што не го знае, па ќе го оддели и ќе го постави меѓу неверните. А оној слуга, кој ја знае волјата на својот господар и не се приготвил и не постапил според волјата негова, ќе биде многу биен. Кој, пак, не знаел и направил нешто достојно за казнување, ќе биде малку биен. Кому е многу дадено, многу и ќе се бара од него; и кому му е поверено повеќе, повеќе ќе се бара од него.
Во дваесет и третата недела по Педесeтница, кога во Светата Црква го празнува споменот на Светиот великомаченик Мина; Преподобен Теодор Студит, во храмот посветен на св.Петка во населбата Црниче, во Скопје, отец Зоран Данев отслужи Божествена Литургија . На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Преминпортал
Лето Господово 2011