На 16. 11. 2011 година, во дваесет и втората недела по Педесетница, кога Православната црква се потсетува и ги празнува светиот свештеномаченик Акепсим, епископ Наесонски, светиот великомаченик Георгиј, во неговиот храм во населбата Чаир, во Скопје, отец Ивица Тодоров ослужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
По отслужената Литургија, со благослов на Неговото Блаженство Архиепископот Стефан, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тимотеј и Високопреподопниот Архимандрит Партениј, од манастирот на св. вмч. Георги Победоносец во Рајчица- Дебар, во храмот, за нашата благодатна поткрепа и помош, беа донесени и сечено поставени на поклонение и целивање моштите на св. вмч. Георги Победоносец.
Свети Исаак Сирин
Овој живот ни е даден за покајание. Да не го трошиме непотребно за други нешта.
Преминпортал
Лето Господово 2011