Скопје, 14 ноември 2011- Соборен храм на св. Климент Охридски
Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 36)
Никој, кога запали свеќа, не ја поклопува со сад, ниту ја става под одар, туку ја наместува на свеќник, за да ја гледаат светлината оние што влегуваат. Оти нема тајно, што не ќе стане јавно, ниту, пак, сокриено, што не ќе се разбере и излезе на видело. Па, пазете како слушате; зашто, кој има, ќе му се даде; а кој нема, ќе му се одземе и она, што мисли дека го има.“ Дојдоа кај Него мајка Му и браќата Негови, и не можеа да се приближат до Него поради народот. И Му јавија, велејќи: „Мајка Ти и браќата Твои стојат надвор и сакаат да Те видат.“ А Он им одговори и рече: „Мојата мајка и Моите браќа се оние, што го слушаат словото Божјо и го исполнуваат.“
На 14. 11. 2011 година, кога Православната црква се потсетува и ги празнува светите Козма и Дамјан, и преподобниот маченик Јаков со учениците Јаков и Дионисиј, во соборниот храм на св. Климент Охридски, во Скопје, отец Васко Сламковски ослужи Божествена Литургија. На Литургијата верните се причестија со Светите Христови Тајни.
Преминпортал
Летo Господово 2011
Друго:
http://www.youtube.com/watch?v=IYgQ12TNk8s&feature=player_embedded#at=23
Божествена Литургија во Соборен храм, Скопје (27.03.2011)