с.Љубанци (скопско), 12 ноември 2011 год.- манастир на св. Никола
На 12 ноември 2011 година, во дваесет и првата недела по Педесетница, кога Светата Црква ги прославува светите апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем, и светите маченици Зиновиј и Зиновија, во манастирската црква на св. Никола, во с.Љубанци (скопско), се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верените се причестија со Светите Христови Тајни.
Свети Никола Кавасила
На луѓето, одвоени од Бога со тројна преграда: природата, гревот и смртта, Господ им дал да Го поседуваат целосно и да се соединат со Него непосредно, со тоа што Он, една по една ги отстранил сите пречки: онаа на природата – преку Своето овоплотување; онаа на гревот – преку Својата смрт; онаа на смртта – преку Своето воскресение. Ете зошто Светиот апостол Павле пишува: последниот враг за уништување е смртта (1 Кор. 15, 26).
Преминпортал
Лето Господово 2011