Скопје, 9 ноември 2011 год.- храм на св. Петка, н. Црниче
Во дваесет и првата недела по Педесeтница, кога во Светата Црква го празнува споменот на светиот маченик Нестор, и преподобен Нестор Летописец, во храмот посветен на св.Петка во населбата Црниче, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија . На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Старец Софрониј
Во условите што владеат во современиот свет молитвата бара натчовечка храброст, бидејќи ѝ се спротивставуваат севкупните космички енергии. Да се сочува молитвата нерасеана значи победа на сите нивоа на природното постоење. Овој пат е долг и трнлив, но доаѓа моментот кога зракот на Божествената Светлина ја пробива густата темнина и пред нас се отвора простор низ којшто можеме да го видиме Изворот на таа Светлина. Тогаш Исусовата молитва добива космички и метакосмички димензии.
Преминпортал
Лето Господово 2011