логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Скопје, 9 ноември 2011 (МИА) - Министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска денеска на прес-конференција информира дека во изминатите 100 дена од формирањето на Владата продолжиле со посветеност да ја реализираат својата програмата во насока на подобрување на целокупната културна клима во државата и афирмација на нашите врви културни вредности во светски рамки.

- Министерството за култура функционира врз јасни дефинирани цели и приоритети - поддршка и негување на традиционалните и современи културни вредности на Македонија, поддршка на културата на сите етнички заедници кои живеат во Македонија, вложување во инфраструктурата во насока на подобрување на условите во кои работат уметниците и културните работници, вработување нов уметнички кадар, ставање на културата во функција на општиот економски и општествен развој, реставрација, конзервација и промоција на културното наследство, голем број археолошки истражувања, зголемена грижа за недозволена трговија со културни добра, поттикнување и развој на културата на локално ниво, преку поддршка на голем број проекти, потенцира Канческа - Милевска.

Таа информира дека во овие 100 дена се реализирани повеќе проекти, отворена е новата Национална установа „Музеј на македонската борба за државност и самостојност“ Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите од комунистичкиот режим.

Министерката Канческа - Милевска додаде дека овој музеј е направен по сите светски стандарди, со специјално подготвена сценографија, соодветна аудио-визуелна опрема, а досега го посетиле повеќе од 20 илјади посетители.

Промовирана е едицијата „130 тома македонска книжевност“ преведена на англиски јазик, која ќе биде дистрибуирна во повеќе од 200 национални библиотеки и научно-образовни установи во светот, во дипломатските конзуларни претставништва, во лекторатите кои се отворени надвор од Македонија.

- Министерството за култура ја финансираше реконструкцијата и обновата на некогашната куќа на нашите големи преродбеници, браќата Миладиновци и спомен-домот на  браќата Миладиновци конечно го доби својот вистински лик. Обновена е целата внатрешност, со нејзиниот богат ентериер и резба, со запазување на сите значајни архитектонски карактеристики на самиот објект, рече Канческа - Милевска.

Во Прилеп е отворен реновираниот Меморијален музеј „11 Октомври“, а во Крива Паланка е отворен Градскиот музеј бидејќи во овој град немало музејска установа која ќе го собира, чува, документира и презентира богатото културно-историско наследство од овој регион.

Отворени се нови простории за уметниците во Безистен - Стара скопска чаршија, кои минатата година беа доделени  на користење на ликовните уметници од ДЛУМ и Арт-визија. Потпишан е договор за грант за конзервација и реставрација на фасадната декорација на Шарената џамија во Тетово, реализирани се конзерваторско-реставраторски зафати на повеќе археолошки локалитети.

Дел од реализираните проекти во изминатите 100 дена се поставување споменик на македонскиот преродбеник Ѓорѓија Пулевски во рамки на „Галичко културно лето 2011“,  конзервирана е и реставрирана  скулптурата Венера Пудика  од Скупи, одбележано е 50-то јубилејно издание на светски реновираниот фестивал Струшки вечери на поезијата. Формирана е новата национална установа - Театар „Комедија“, одбележани се големите јубилеи „110 години од раѓањето на Лазар Личеноски и 100 години од раѓањето на Љубомир Белогаски“.

Реализирани се повеќе од 110 културни содржини во рамките на четвртото издание на манифестацијата „Топол културен бран“. На македонскиот пијанист Симон Трпчески му е врачена титулата „Национален уметник“.

Во делот на меѓународна соработка, Канческа - Милевска ги посочи манифестациите „Деновите на македонската култура во Москва и Санкт Петербург“, „Денови на Македонската култура“ во Талин, европската престолнина на културата за оваа година, Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ - Скопје се претстави на Меѓународниот саем на книга во Франкфурт, а Македонија стана член на Извршниот одбор, највисокиот орган на УНЕСКО. Во Софија беше отворена ликовна изложба на академик Томе Серафимовски, заврши снимањето на филмот „Трето полувреме“, а Спомен-куќата на Тоше Проески освои прва награда на фестивалот за архитектура во Барселона.

Таа најави дека следната недела во Македонија ќе има промоција на македонскиот фолклор во Народна Република Кина, а од 12 до 14 ноември ќе бидеме домаќини на Украинските денови на културата.

Дел од идните проекти на Министерството за култура се - изградба на Стариот театар, чија промоција е планирана за 2012 година, на портата „Македонија“, нова концертна сала за Македонската филхармонија, поставување 20 унифицирани монтажни објекти за туристичка презентација на Македонија, Изградба на Филмски центар, дигитализација на аудио-визуелното културно наследство.

Во Прилеп ќе се реставрира Саат кулата, ќе се обнови и дополни Музејот во село Смилево, реконструкција на Стариот театар во Струмица, адаптација на галерискиот простор во Демир Капија и санација и реновирање на библиотеката во Крива Паланка.

Министерството за култура исто така ќе се посвети и на носење повеќе закони, Закон за издавачка дејност, за аудиовизуелна дејност, Законот за прогласување на Крушево за културно наследство, Закон за поттикнување на странските вложувања во филмската и ТВ продукција и нацрт верзија  на Националната стратегија за развој на културата. мд/паг/15:00


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

 Тоа е христијанскиот идентитет кој не може да биде заробен од детерминатите според паднатиот свет, оти ги надминува времето и просторот,

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Нашиот однос кон Бог е давање. Само на тој начин ќе познаеме колку Он, веќе, целосно ни се дал, во Домостројот на Спасението.“

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

« »

Најнови вести

Православен календар

 

14/07/2026 - вторник

Светите бесребреници Козма и Дамјан; Преподобниот патрициј Петар; Светиот маченик Потит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2026

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2026

Иако секој од Светите големи апостоли има свој посебен ден за празнување во годината, сепак овој ден Црквата го одреди 

Тропар на св. Христови апостоли Петар и Павле 12 јули/29 јуни 2026

Тропар на св. Христови апостоли Петар и Павле 12 јули/29 јуни 2026

Првопрестолни меѓу апостолите и учители на вселената, молете го Владиката на сите,да и дарува мир на вселената,а на нашите души голема милост.

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни  2026

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни 2026

 Захарија не поверува веднаш во зборовите на Божјиот известител и затоа јазикот му се врза со немост, па остана нем...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная