По повод празнувањето на св. вмч. Димитриј Солунски, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан најпрво отслужи Голема вечерна во Марковиот манастир „св. вмч. Димитриј Солунски“, а следниот ден Божествена Литургија во центарот на Скопје, во храмот што го носи неговото име овој голем Христов воин и поборник за вистината, кој маченички пострада за време на христоборниот цар Максимијан.
Извор: Скопска епархија