Колку е убаво кога браќата живеат заедно!
Да се слави името на Пресвета Троица е блаженство,
да и се пеат пофални химни на Пресвета Богородица е утеха за нас.
Во текот на оваа недела, овде во Светотроитскиот манастир во Џорданвил се одржа свештеничка конференција ( clergy conference ) на која зедоа учество свештениците од Источната епархија (Источна Америка), предводена од епископот Георѓи како и Семинаристите од Светотроитската Семинарија.
На истата конференција беше претставен како видео материјал животот на Митрополитот Филарет, еден од претходните Митрополити на Руската Задгранична Црква. Тој живееше во периодот на свети Јован Шангајски и Сан Франциски. Всушност свети Јован еден ден пред изборот на Митрополит му кажа дека тој ќе биде избран.
Тој живееше во подвиг и свет живот. Неговите мошти се нераспадливи. Тоа се виде кога беше преносот од гробиштата под Светотроитската црква во 1998. Дури и вените на неговите раце се познаваат!
Целта на оваа конференција беше една братска подршка на свештениците, еден помеѓу друг. Се разговараше за тоа каков треба да биде свештеникот, неговото однесување во парохијата, мисијата и сл.
Морам да нагласам, од она што јас го видов, мисијата на Руската Задгранична Црква е многу голема овде во Америка. Постојано имаат мисионерски дејности, нагласуваат на верниците да живеат духовен живот - точно онака како што и свети Јован Шангајски го правеше овде во Америка. Овде исто така беше и отец Вадим. Тој е свештеник во Њујорк во местото Брајтон. Тој постојано собира во својот дом алкохоличари, зависници од дрога. Тој еднаш во неделата патролира низ улиците на Њујорк и им помага на загрозените луѓе. Голем и блажен подвиг!
Сите слушнавме разни искуства од свештениците при нивната мисија и тие истите ни упатија порака на нас Семинаристите како достојно да Му служиме на Бога.
Радосна беше уште поголема со тоа што за сето време чудотворната икона на Пресвета Богородица Курско - Коренска Знамение беше со нас.
Отец Сереј ни раскажа едно чудо во Америка кое се случи со чудотворната Курско - Коренска икона на Пресвета Богородица. Ќе се обидам и јас да Ви го раскажам: Отец Сергеј со кола одел во Северна Каролина, носејќи ја таму чудотворната икона на поклонение. По патот нешто во себе го терало да застане на паркинг да одморат. Возачот му рекол дека скоро ќе стигнат и нема потреба, но отец Сергеј му рекол веднаш да застане. Тие застанале пред некоја друга кола. Од таа кола излегол некој човек и го прашал отец Сергеј дали тој е свештеник на што му одговорил да. Човекот му рекол дека не знае веќе што да прави затоа што децата му починале, пред некој ден сопругата и му изгорела целата куќа. Останал без ништо. Отец Сергеј му рекл дека тука е Мајката Божја и дали сака да и се поклони и помоли. Тој се збунил на ова. Отец Сергеј му објаснил дека со себе има чудотворна икона (тој човек Јосиф бил протестант) но бидејќи се на автопат немал благслов да ја отвори па му рекол да дојде со нив во црквата. Човекот му рекол дека нема ниту пари за бензин, па отецот му дал за истото и тргнале. Во црквата имало стотици верници кои ја чекале иконата. По молебниот и откако сите се поклониле на чудотворната икона тој последен и пристапил и почнал многу да плаче.
Од она кое ни го кажа отец Сергеј, всушност тој човек сакал да се самоубие зашто надеж немал во себе и ете како Царицата небесна дојде при него и му помогна. Тоа е едно од многуте чуда кои се случуваа од оваа Курско - Коренска икона на Пресвета Богородица. За оваа икона може да се каже дека е единставена од многуте чудотворни кои постојано патуваат насекаде. Таа нема одредено место во црква, туку постојано патува.
На крај конференцијата заврши со божествена литургија на која служеше епоскопот Георѓи со речиси сите свештеници а по ручекот се одржа Благодарсвен молебен за сите Милости кои ни ги дава Бог.
Слава на Троичниот Бог за се!
Троитско свет манастир,
Џорданвил
Стојанче Серафим Андов
Фоторгафиите се преземени од сајтот на Источно Американската епархија