Скопје, 22 октомври 2011- Соборен храм на св. Климент Охридски
На 22. 10. 2011 година, кога Православната црква се потсетува и ги празнува Светиот апостол Јаков, преподобен Андроник и неговата сопруга Анастасија, во соборниот храм на св. Климент Охридски, во Скопје, отец Горан Сточевски отслужи Божествена Литургија. На Литургијата се причестија со Светите Христови Тајни.
Свети Исаак Сирин
Вистината е чувството за Бога, коешто човекот го вкусува во себеси со чувството на сетилито на духовниот ум. Љубовта е плод на молитвата и таа со своето созерцание го возведува умот кон тоа ненаситно да ја посакува, кога умот без униние пребива во молитвата и човекот со умот, само во безмолвни помисли, се моли огнено и со жар. Молитвата е умртвување на похотните мисли на телесниот живот, бидејќи оној кој сесрдно се моли ист е како оној кој умира за светот. Трпеливо пребивање во молитвата за човекот значи да се откаже од самиот себе. Затоа во самоодрекувањето на душата се стекнува љубовта Божја.
Преминпортал
Летo Господово 2011
Друго:
http://www.youtube.com/watch?v=IYgQ12TNk8s&feature=player_embedded#at=23
Божествена Литургија во Соборен храм, Скопје (27.03.2011)