Во Марковиот манастир „Св. вмч. Димитриј Солунски“,(Маркова Сушица), ноќта, петок кон сабота (28-29 октомври 2011 г.), на празникот на светиот маченик Лонгин и преподобен Лонгин Трудољубивиот, со почеток во 22:00 ч. ќе се отслужи сеноќно бдение со Божествена Литургија. Се покануваат сите православни христијански души на љубовно заедничарење со Бога.
Исто така, би сакале да истакнеме дека во иднина, во овој манастир бденија ќе има секој последен петок во месецот.
Лето Господово 2011