Скопје, 21 октомври 2011 год.- храм на св. Петка, н. Црниче
Во осумнаесеттата недела по Педесeтница, кога во Светата Црква го празнува споменот преподобна Пелагија, преподобна Таиса и светата маченичка Пелагија, отец Томе Велјановски , старешина на храмот посветен на св.Петка во населбата Црниче, во Скопје, отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
авва Доротеј
Еднаш еден голем старец со своите ученици се најде на место каде што имаше кипариси различни по големина, мали и големи. И му рече старецот на еден од учениците: ’Искорни го овој кипарис’. Тоа беше малечок кипарис и братот со едната рака веднаш го искорна. Потоа старецот му укажа на друг, поголем од првиот, па му рече: ’Искорни го и овој’. Братот го искорна, влечејќи го со двете раце. Старецот пак покажа на кипарис поголем од претходниот, а братот со голем труд го искорна. По ова старецот му покажа на друг, поголем и од претходниот. Братот долго време го свиваше, и после многу напор одвај го совлада. Само, следниот кипарис што му го посочи старецот тој ни по многу усилби и потење не можеше да го искорне. Кога виде дека тој тоа не може да го исполни, старецот му наложи на друг брат да стане и да му помогне. Овие двајцата одвај успеаа да го искорнат оној снажен кипарис. Тогаш старецот им рече на браќата: ’Ете какви се страстите. Додека се мали, ако сакаме, можеме со леснотија да ги пресечеме. Но занемарени, стануваат силни. И што повеќе јакнат толку поголем напор бараат за да бидат совладани. А доколку пораснат премногу, ни со напор нема да можеме да ги отсечеме, ако не добиеме помош од некои од светителите што нѐ застапуваат пред Бога’.
Во издание на Скопска епархија излезе од печат книгата „ГОСПОДОВИ ПРАЗНИЦИ“ која можета да ја купите во црквата Св.Петка, како и во останатите храмови во Скопје.
Преминпортал
Лето Господово 2011