с.Љубанци (скопско), 20 октомври 2011 год.- манастир на св. Никола
На 20 октомври 2011 година, во осумнаесеттата недела по Педесетница, кога Светата Црква си спомнува за светите маченици Сергиј и Вакх, светиот маченик Полихрониј, во манастирската црква на св. Никола, во с.Љубанци (скопско), се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верените се причести со Светите Христови Тајни.
Свети Максим Исповедник
Благоразумниот, бидејќи ја разбрал исцелителноста на Божествените судови, со благодарност ги поднесува сите казни коишто според нив го снаоѓаат, не сметајќи никого друг за нивен предизвикувач освен своите гревови. А неразумниот, што не ја познал премудроста на Промислата Божја, грешејќи и бивајќи укоруван, гледа на Бога, или на ближните, како на причина за своите неволји.
Преминпортал
Лето Господово 2011