Скопје-Соборен храм на св.Климент Охридски
„Кој прави добро, ја исполнува волјата Божја. Кој се противи на власта, се противи на Бога, повторува Цар. По мудрите зборови благочестив, по делата , безумен, Царот е камшик, кој со лукав бакнеж, како змија го убива праведникот.“
На 19. 10. 2011 год, во салата на Соборниот храм „Св. Климент Охридски” во Скопје, во третиот ден од циклусот филмови „Поттикот на верата од филмското платно”, беше прикажан филмот - „ЦАР”. По проекцијата на филмот дискусијата ја водеше презвитер Горан Стојчевски, кој во својата кратка презентација го образложи сижето и пораката на филмот, имено дека не можеме да им служиме на двајца господари, како и тоа дека не постои ниедна висока цел која би го оправдала убиството.
Во четврток (20.10.2011 од 18ч.) се прикажа филмот-„МАТРИКС“. Презентер и водител на дискусијата по филмот беше презвитер Ивица Тодоров.
Преминпортал
Ратислав Кардалев
Ена Абјаниќ
Лето Господово 2011