На 18. 10. 2011 год, во салата на Соборниот храм „Св. Климент Охридски” во Скопје, во вториот ден од циклусот филмови „Поттикот на верата од филмското платно”, беше прикажан филмот - „КЛОПКА”. По проекцијата на филмот дискусијата ја водеше презвитер Ивица Тодоров, кој во својата кратка презентација го образложи сижето и пораката на филмот. Во филмот родители се исправени пред тежок испит соочени со тешката болест на своето чедо и неможноста да му обезбедат материјални средства за успешно лекување. Без поткрепата од развиен духовен живот таквата ситуација ги води во КЛОПКА.Тоа е како градење куќа на песок.Современото општество без Црквата како заедница не може да опстане.
Да се биде вистински ученик на Христа треба да се понесе крстот, а тоа значи жртва. Во нашето општество во минатото христијанската вера се пренесувала од генерација на гернерација. За жал во современото општество ова се изгубило.
Во среда(19.10.2011 од 18ч.) ќе се прикаже филмот-„ЦАР“. Презентер и водител на дискусијата по филмот ќе биде презвитер Горан Стојчевски.
Преминпортал
Ратислав Кардалев
Лето Господово 2011