Скопје, 14 октомври 2011 год.- храм на св. Петка, н. Црниче
Свети Григориј Палама
Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бога, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување – ‘безмолвие на умот’, оддалеченост од светот, заборав на сè земно и стремење кон божествените откровенија, избор на ‘подобриот дел’. Открива дека ако умот не се расејува кон земните работи, би можел да се оддаде на подобро и повозвишено дејствување, што значи да се сврти кон самиот себеси: единственото дејствување преку кое тој би можел да се соедини со Бога.
глас 6.
Бидејќи пречудниот Андреј те виде во воздухот, со мноштво архангели, со апостолите и пророците и мноштвото маченици, како на твојот Син и Бог наш Му се молиш за градот и за луѓето, Владичице, и со чесниот твој покров ги покриваш, не пропуштај и сега, Пречиста, да го спасиш избраното наследство на твојот Син, кое го слави твојот пречесен празник, Многупеана.
Во седумнаесеттата недела по Педесeтница, кога во Светата Црква го празнува споменот на Прокровот на Пресвета Богородица, во храмот посветен на св.Петка во населбата Црниче, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Пресвета Госпоѓо, Дево Богородице, со твојот чудесен омофор покриј не, и од секое зло твојот народ запази го, како што те виде како се молиш пречудниот Андреј во црквата Влахернска: и сега , Владичице, испрати ни ја твојата милост голема.
Преминпортал
Лето Господово 2011