логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

 Priziv.2011.Aco.jpg

Призив на Светиот Дух на Православниот богословски факултет

Priziv.2011.Aco1.jpg

Priziv.2011.Aco1.jpg

ВИДЕО

По повод почетокот на академската 2011/12 година на 22 септември во свечената сала „Архиепископ Доситеј“ на Православниот богословски факултет беше отслужен молебен – Призив на Светиот Дух за успешен почеток на годината. Со молебенот чиноначалствуваше отец Стефан Санџаковски, професор на Православниот богословски факултет. На чинот присуствуваа студентите, професорите и асистентите од овој Факултет и заеднички се помолија за просветување и очистување на срцата и умовите на студентите за да можат со Божја помош и благодат да ја совладаат науката над науките и да ги откријат патиштата кон Богопознанието. По завршувањето на молебенот на присутните им се обрати деканот на Православниот богословски факултет – проф. д-р Ацо Гиревски посакувајќи им на студентите, професорите и асистентите успешен почеток на новата академска година.

Priziv.2011.Aco1.jpg

Priziv.2011.Aco1.jpg

Priziv.2011.Aco1.jpg

Priziv.2011.Aco1.jpg

Priziv.2011.Aco1.jpg

 Priziv.2011.Aco1.jpg

Priziv.2011.Aco1.jpg

Priziv.2011.Aco1.jpg

 

ПРВ АКАДЕМСКИ ЧАС                   Поздравно слово на Деканот на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, проф. д-р Ацо Гиревски

Priziv.2011.Aco1.jpg
ПОЧИТУВАНИ КОЛЕГИ ПРОФЕСОРИ, АСИСТЕНТИ И ДРАГИ ПОСТАРИ СТУДЕНТИ, ДОЗВОЛЕТЕ МИ НА ОВОЈ ПРВ АКАДЕМСКИ ЧАС ДА ИМ СЕ ОБРАТАМ НА НОВОЗАПИШАНИТЕ СТУДЕНТИ НА ОВОЈ ФАКУЛТЕТ!

Драги академци,
Денес, на попразненството на празникот Рождество на Пресвета Богородица, отворајќи ги повторно ширум вратите на нашиот Богословски факултет, со посебно почитување кон Вас и радост на декан и универзитетски професор, Ви посакувам срдечно добредојде, при официјалниот почеток на Вашите богословски студии на овој Факултет.

Студирањето на највисоката духовно-просветна, високообразовна и научна установа на Македонската православна црква во Р Македонија - на Православниот богословски факултет, ќе Ви овозможи изучување и стекнување назнаење од областа на православните богословски стручни и научни дисциплини.

Вие сте втората генерација која ги има дополнителните благодети, кои произлегуваат од стекнатиот бенефит на нашиот Факултет, како придружна членка на најстариот и водечки Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Република Македопнија, а сепак под закрила и непосредна грижа на Светиот архиересјки синод на нашата Света Црква.

Привелегиите со ваков статус се многу, јас ќе спомнамсамо неколку: еднаков ЕКТ Систем за студирање и оценување со сите други факултет и во земјата и странство, унапредуваање и одбрана на академските цели, вредности и задачи, во што спаѓаат: откривање и ширење на вистината, одбрана на идејата и практиката на својот научен корпус, научно истражување во народната и универзитетска библиотека и надвор од неа во сите научни ресурси на Универзитетот, членство во универзитетските студентски здруженија, право на користење студентски стипендии, студентски дом, признати дипломи, непречено продолжување на последипломски студии и други можности. Новина од оваа година се бесплатните индекси и бесплатното печатење и на учебниците од професорите на овој Факултет.

Проучете го Статутот на Универзитетот и на овој Факултет, како и правилниците за додопломски студиии самите ќе ги откриете другите бенефити што Ви се нудат, та благовремено да се запознаете со своите права и можностите за судирање и стипендирање, но и со обврските. Јас знам дека Вие од Богословијата сосебе го носите етичкиот кодекс, но сепак Ве потсетувам дека и овде на Факултетот Ве обврзуваат моралните вредности и норми.

Денес сакам посебно да ги поздравам младите научни работници, на кои, ние постарите професори во новата студиска година им доверуваме поголеми можности да се проверуваат, да се докажуваат, да се истакнуваат и така да напредуваат во науката и да се стекнат со наставничките звања.

На нив и наВас, драги студенти,  Господ да ја зголеми довербата и да ја умножи љубовта еден кон друг и кон сите, како што и ние професорите имаме кон вас, за да ги утврди вашите срца во науката што ви се предава. Сè испитувајте, за доброто држете сè! Клонете се од секакво зло!

Бидете синови на денот, бидете трезвени и барајте ја светлината, та „облечени во оклоп“ на верата и љубовта и заштитени по „шлемот“ на надежта полесно ќе се спасуваме.

И ве молам, синови наши, како интелектуалци, никој да не навредува и повредува друг. Особено да ги уважувате оние, што се трудат меѓу вас,  што се ваши претстојници во Господа, и оние кои ве учат. И кон нив да имате преголема љубов заради нивното дело. Живеејте во мир помеѓу себе!

Радувајте се секогаш!
Молете се постојано, за Господ Бог да ги утеши срцата ваши и да ве утврди во секое слово и добро дело! Амин.

Капиштец, 22 септември 2011.

 Priziv.2011.Aco1.jpg

За Преминпортал:

Анета Јовковска
помлад асистент

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Тоа е христијанскиот идентитет кој не може да биде заробен од детерминатите според паднатиот свет, оти ги надминува времето и просторот,

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Нашиот однос кон Бог е давање. Само на тој начин ќе познаеме колку Он, веќе, целосно ни се дал, во Домостројот на Спасението.“

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

« »

Најнови вести

Православен календар

 

15/07/2026 - среда

Полагањето на ризата на Пресвета Богородица во Влахернската црква во Цариград; Св. Јувеналиј, патријарх Цариградски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 15 јули/2 јули  2026

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 15 јули/2 јули 2026

Ризата беше свечено пренесена и положена во црквата Влахерна. (Оваа црква ја соѕидаа царот Маркијан и царицата Пулхерија на брегот...

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2026

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2026

Иако секој од Светите големи апостоли има свој посебен ден за празнување во годината, сепак овој ден Црквата го одреди 

Тропар на св. Христови апостоли Петар и Павле 12 јули/29 јуни 2026

Тропар на св. Христови апостоли Петар и Павле 12 јули/29 јуни 2026

Првопрестолни меѓу апостолите и учители на вселената, молете го Владиката на сите,да и дарува мир на вселената,а на нашите души голема милост.

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная