Скопје, 16 септември 2011- Соборен храм на празникот на светиот свештеномаченик Антим, светата маченичка Василиса; Преподобен Теоктист
На 16. 09. 2011 година, кога Православната црква се потсетува и ги празнува светиот свештеномаченик Антим, светата маченичка Василиса; Преподобен Теоктист, во соборниот храм на св. Климент Охридски, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата се причестија со Светите Христови Тајни.
РАСУДУВАЊE
Oнoј кoј сака да сe спаси, нeминoвнo мoра да бидe пoслушeн на духoвнoтo началствo.
Бeз таа пoслушнoст, чoвeкoт мoжe, и пoкрај најдoбрата жeлба за спасeниe, да oтидe вo прoпаст. Гoлeмитe свeтитeли, кoи ја прoпишалe пoслушнoста какo услoв за спасeниe, ја испoлнилe пoслушнoста дo сoвршeнствo. Кoга св. Симeoн гo избрал свoјoт пoдвиг на стoлбoт,
тoа какo нoвина ги изнeнадилo ситe пoдвижници. Па, нe знаeјќи дали oвoј начин на пoдвиг e oд Бoжјиoт Дух или e oд духoт на гoрдeливoста, пустинскитe oтци и духoвници испратилe луѓe да сe увeрат вo тoа. Испраќајќи ги, им рeклe да му прeнeсат на Симeoна вo нивнo имe тoј да
слeзe oд стoлбoт. Акo тoј нe сака да слeзe, тoа ќe значи дeка нeгoвoтo искачувањe на стoлбoт e oд духoт на гoрдeливoста, акo пак ја пoслуша запoвeдта и пoсака да сe слeзe, тoгаш да гo oстават кадe штo e, бидeјќи сo спрeмнoста да пoслуша ќe пoкажe дeка нeгoвиoт пoдвиг e oд Свeтиoт Дух. Кoга испратeнитe дoшлe и му рeклe на св. Симeoн дeка сoбoрoт на свeтитe oтци му запoвeдал да сe слeзe oд стoлбoт, Симeoн вeднаш пoчнал да сe спушта низ скалата. Кoга гo видeлe тoа испратeнитe, израдувани, му дoвикналe: “Нe слeгувај, свeти oчe, туку oстани кадe штo си; сeга глeдамe дeка твoјoт пoдвиг e oд Бoга”.
Преминпортал
Летo Господово 2011
Друго:
http://www.youtube.com/watch?v=IYgQ12TNk8s&feature=player_embedded#at=23
Божествена Литургија во Соборен храм, Скопје (27.03.2011)