Скопје, 8 септември 2011 год.-Соборен храм на св.Климент Охридски
Денес, кога Православната црква си спомнува за светиот маченик Адријан и преподобна Наталија, преподобен Титој и свети Зер-Јаков во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, старешината на храмот, отец Драги Костадиновски во сослужение на свештеници од Скопската епархија отслужи Божествена Литургија. На Литургијата присуствуваа Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Митрополитот Европски г. Пимен. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни. По светата Литургија а по повод одбележувањето на 20-годишнината од осамостојувањето на Република Македонија, во Соборниот храм(како и во соборните храмови на епархииите на Македонската православна црква), се отслужи Благодарствено славословие (Доксологија) со кое чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г.Агатангел.
По молитвеното славословие, Митрополитот Агатангел одржа пригодна беседа во која помеѓу останатото, упати порака до македонскиот народ да ја чува и сочува својата од Бога благословена Македонија, за која низ вековите многумина се дадоа себе си, и дека само како обединет народ ќе го обезбедиме нејзиниот просперитет.
Преминпортал
Лето Господово 2011
Друго: