Скопје, 2 август 2011 год.- храм на св. пророк Илија
На 02 август 2011 година, на празник на светиот пророк Илија, Митрополитот Европски г. Пимен во сослужение на свештенството од Скопска и Европска епархија, отслужи Божествена Литургија во истоимениот храм во Скопје. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
Црквата е просторот којшто Господ ни го одредлил за да се спасуваме. Без Црквата ја немаме ни верата, го немаме ни спасението. Православниот христијанин е должен да ги сака и Црквата и Татковината, тие му се дадени на дар од Бога. Љубовта е основниот белег на човечкиот идентитет. Зашто љубовта кон Црквата, е и љубов кон Бога, а љубовта кон Татковината, е и љубов кон ближниот. Тие се двата основни постулати на кои почива и нашата вера: Возљуби Го Господа, Твојот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сета своја сила, со сите свои помисли (Лк. 10, 27); Возљуби го ближниот свој како себеси (Мт. 22, 39). На друго место, пак, на прашање од фарисеите, Господ Исус Христос одговара: Подајте Го царевото на царот, а Божјото на Бога (Мт. 22, 21). Значи, должни сме со почит да се однесуваме и кон Црквата и кон државата, да бидеме предани и примерни верници и граѓани. Како што ги почитуваме државните закони и прописи, без да ги менуваме или толкуваме како што сакаме, исто така треба да постапуваме и со црковните прописи и канони: да живееме според црковното предание и како што нè учи Црквата, без да додаваме и одземаме од она што било, а кое со векови е прифатено и потврдено. (Од празничната посланица на САС на МПЦ)
Преминпортал
Лето Господово 2011
Друго:
- Акатист на СВЕТИ ПРОРОК ИЛИЈА
- Архиерејска Божествена Литургија во храм на св. пророк Илија (02.08.2008 )
- Илинденско послание (31.07.2011)