Халкидики, 2011 год.- на празникот на преподобен Давид Солунски
Денес, кога Грчката православна црква го прзнува преподобен Давид Солунски, во храмот на св. Атанасиј на Халкидики, се отслужи Божествена Литургија. Многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.
Преподобен Давид Солунски
Родум солунјанин. Прво се подвизуваше во близината на Солун, во една колиба подигната под бадемово дрво. Подоцна го продолжи подвигот во Тесалија. Постејќи, бдеејќи и молејќи се толку се очисти, што се удостои со голема благодат од Бога. Еднаш зеде жар во раката, стави темјан и го покади царот без ни малку да си ја повреди раката. Кога го виде ова, царот му се поклони до земја. Со своите многубројни чуда ги восхити луѓето. Се упокои мирно и се пресели во блажената вечност во 540 година.
Преминпортал
Лето Господово 2011