„Колку е убаво и колку е мило кога браќата живеат заедно!“
Прокимен глас 8 {mp3}prokimen_gl_8{/mp3}
Нашите драги Македонци: Богословскиот студент Стојанче Андов и расофорниот монах о.Дионисиј Николоски. Да ги поддржиме и да ги поткрепиме на секој можен начин, а најповеќе со нашите молитви! Тие таму ни ја претставуваат нашата земја и светата македонска Црква и се молат за нас!
адреса на Свето-Троитскиот Манастир:
Holy Trinity Monastery
PO Box 36
Jordanville, NY 13361
Инаку, нашиот монах о.Дионисиј, покрај другите послушанија, задолжен е и за биењето на Манастирските камбани. А со каков талент и љубов тој го прави тоа, може да се забележи во приложениот аудио-клип „Ангел вопијаше“.
„Ангел вопијаше“ {mp3}Angel_vopijashe{/mp3}
Стојанче, пак, неуморно ја збогатува манастирската книжара со неговите прекрасни бројаници! Еве неколку примероци од неговите трудови!
И двајцата, Стојанче и о.Дионисиј, се студенти на Џорданвилската семинарија. Нека им е со среќа успешното завршување на оваа учебна година (за Стојанче прва, а за о.Дионисиј трета)!
„Душа јего во благих водворитсја, и памјат јего в род и род!“
Нека му е вечен споменот на нашиот македонски монах Наум (пред монаштвото Стојан Стојановски), погребан во Џорданвилските манастирски дворови!
Алилуја гл.8 {mp3}aliluja_gl_8{/mp3}
Христос Воскресе {mp3}Hristos_Voskrese{/mp3}
За Преминпортал:
Славица Л.
Лето Господово 2011
Друго: