Битола, 18 декември (МИА) - Во Храмот „Свети Димитрија“ во Битола утрово се одржа литија посветена на свети Нектарија Битолски на која чиноначелствуваше Митрополитот преспанско-пелагонски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар.
Богослужбата освен во Храмот Свети Димитрија се спроведе и низ Широк сокак, каде свештенослужители ги носеа светите мошти на Свети Агатангел Битолски.
Во Битола на овој ден традиционално се слави Свети Нектариј Битолски. Тој потекнувал од благочестиво битолско семејство. Свети Нектариј се замонашил на Света Гора каде ден денес се наоѓаат светите мошти. Од битолската епархија потврдуваат дека моштите на Нектариј Битолски биле откриени нераспаднати и положени во ковчег во црквата на Јагарската келија на Света Гора. мт/гс/12:12